домаБЕШЕБеше 09 февруари 2024

Беше 09 февруари 2024

9 февруари

Настани:

1944 Во близина на Илин Врв (во близина на Прилеп) I македонско-косовска ударна бригада со изненадувачки напад ја разбива бугарската колона која е пратена во потера по неа.

1995 Република Македонија и Република Индија воспоставиле дипломатски односи.

1999 Народна Република Кина ги прекина дипломатските односи со Република Македонија поради воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Република Кина Тајван.

Родени:

1982 Андреја Ѓорѓиески македонски пејач и член на дуото DNK. Како артисти со претходно музичко искуство и образование (Андреја има завршено нижо и средно музичко училиште и е студент на Музичката Академија во Скопје) се одлучуваат по кариерата во групите ТНТ (Андреј) и ОК Бенд (Панчо) да започнат заедничка кариера во 2001 година кога го пуштаат првиот сингл на ДНК – Девојка за везден за кој снимат и видео запис. Вториот сингл „Благодарам однапред“ станува евергрин во македонската музичка ризница и освен на првиот EP албум „Пази дете“ кој ДНК го издаваат во 2005 година, се наоѓа и на деби албумот „Кажано е се“. Андреј стана музички уредник на единствената музичка телевизија во Македонија- К-15 ТВ и продуцент на шоуто „Мојата Ѕвезда“ од кое излегоа многу нови музички таленти. На почетокот на 2020 година тие го издаваат последниот сингл насловен “Јави ми” со анимирано видео. Во март, тие оддржаа онлајн концерт на YouTube и Facebook.

1987 Јане Петровски роден во Скопје, македонски кошаркар, кој настапува во Еуро Никел 2005 од Кавадарци, во Македонската Прва Лига. Професионалната кариера ја започнал во 2003 година во Никол Ферт. Во 2004 година настапувал за Поло Трејд. За сезоната 2008/09, потпишал за унгарски Шопрон. Таму не се задржал, и во септември 2008 година го напуштил клубот. Потоа, Петровски се преселил во украински Грифони, но на полусезоната се преселил во бугарски Рилски Спортист. Во октомври 2011 година, Јане потпишал за Работнички. Јане Петровски исто така бил член на Македонската кошаркарска репрезентација од 2004 до 2009.

Починале:

1944 Кирил Прличев македонски револуционер, член и раководител на Македонската револуционерна организација, општественик во Бугарија, син на великанот на македонската книжевност, Григор Прличев, и дедо на Кирил Прличев, писател и издавач кој живее и делува во Бугарија. Студирал историја и филологија на Софискиот универзитет. Во текот на својот живот бил учителствувал во градовите Воден, во Прилеп текот на 1901 година, по налог на Даме Груев, Цариброд, во Солун во Солунската машка гимназија, Софија и Стара Загора, бил училиштен инспектор во градовите Воден и Солун, како и директор на пансионот за сираци во Софија, политичар, новинар, писател, преведувач. Во 1923 година во Софија учествува во основањето на Македонскиот научен институт. Од 1941 година, па до смртта раководел со Охридскиот музеј, кога ги пронаоѓа моштите на Свети Климент Охридски. Неговите мошти се наоѓаат во дворот на црковниот комплекс „Св. Богородица Перивлепта“ (Св.Климент) во Охрид, положени во истиот гроб со оние на неговиот татко, Григор Прличев.

1944 во Прилеп, во борба против бугарска војска загина Злате Малакоски, народен херој на социјалистичка Југославија, од Македонија. Роден е во селото Богдево, Гостиварско, во 1926 година.Во НОБ стапил во Мавровско – Гостиварскиот партизански одред„Кораб“во февруари 1943г.

1993 Патувајќи од Прилеп за Струмица, во сообраќајна несреќа загина Мину Угриновска, актерка на Народниот театар “Војдан Чернодрински” од Прилеп. Родена е на 11.10.1968 година.

1995 починал Блажо Славев, македонски актер и режисер. Роден е во Кавадарци, во 1951 година.

Ден 18 април 2025

00:01:17