9 септември
Настани:
1959 Нико Нестор го преплива каналот меѓу Франција и Британија за 12 часа и 6 минути, како прв човек од источна Европа кој го совладал растојанието од Кале до Довер. На 9 септември 2009 за овој подвиг Нико Нестор доби специјално признание од Здружението на пливачки маратонци.Тој е и првиот Македонец кој го препливал Охридското Езеро – од Свети Наум до Струга за 11 часа и 28 минути во 1958 година.
1969 Легендата на македонското женско пливање Атина Бојаџи станува првата жена која го препливува Ламанш за време од 13 часа и 20 минути.
1994 Започна со работа Постојаната мисија на Република Македонија при Обединетите нации во Виена.
1996 Воспоставени се целосни дипломатски односи меѓу СР Југославија и Република Хрватска.
Родени:
1920 Во Тетово е роден Тодор Циповски – Мерџан, народен херој на Југославија, од Македонија. Во борбата против балистите загина во селото Белчица, Мавровско, на 19 септември 1944 година.
1947 Благоја Чоревски е роден во Велес. Завршил Театарска академија во Софија во 1971 година. Член на Драмскиот театар од 1971 година. Бил директор на Драмскиот театар од 1983 до 1998 година, заменик-министер за култура во Владата на Македонија 1998 до 2001, како претставник на ДА и претседател на Советот на град Скопје, каде бил разрешен на 21 јануари 2008. Бил член и висок функционер во Демократската алтернатива, за подоцна да премине во Демократскиот сојуз. Чоревски е добитник на голем број на награди, како во поранешен СФРЈ, така и во Македонија:
1949 Наде Проева македонска историчарка. Родена е во Ресен, каде завршува гимназија. Дипломирала на античка археологија во 1973 г. на Филозофскиот факултет во Белград со тема „Четири необјавени доцноантички некрополи од околината на Прилеп“. Од 1 декември 1973 до 1 март 1975 г. работи како кустос во Народниот музеј во Прилеп. Од 01.03.1984 г. избрана е со звање – предавач на Филозофскиот факултет во Скопје (Институт за историја) за предметот Историја на стариот век, а од 1993 и за доцент на предметот Историја на античките Македонци, a се пензионариала како редовен професор. Добитник е на Орденот Витез за академски палми (Chavalier de palmes academiques) од владата на Република Франција.
1984 Никола Стојчевски македонски ракометар. Стојчевски започнал да игра ракомет во тимот на Преспа, а потоа, преку младинската екипа на РК Вардар, станува и дел од сениорскиот тим на Вардар Про. По три поминати сезони во дресот на Вардар, тој започнал интернационална кариера во РК Осиек во 2008 година, а потоа играл во романското првенство во клубовите Клуж Напоха и Пандури Таргу Жију. Стојчевски се вратил во македонската супер лига во 2010 година, потпишувајќи договор со Металург, но сепак, по две поминати сезони, го напуштил клубот и заиграл за тунискиот прволигаш Клуб Африкан. Со македонската репрезентација, Стојчевски настапил на Европското првенство 2014 во Данска.
Починале:
1934 Васил Пасков е роден во Неврокопско село Осиково, тогаш во Отоманското Царство, денес во Бугарија. Во 1893 година завршил во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, а во 1898 година – историја на Софискиот универзитет. Бил деец на Бугарската демократска партија, а во периодот меѓу 1895 до 1897 година бил одговорен уредник на весникот „Знаме“. Во 1899 година станал учител во егзархиската гимназија во Битола. Таму се приклучи кон Организацијата и бил избран за член на Битолскиот окружен револуционерен комитет, заедно со Неделко Дамјанов, Аце Дорев, Георги Пешков и Георги Поп Христов. Учествувал во уредувањето на весникот „На оружје“.
1942 Кочо Чолаковски македонски партизан. Чолаковски е роден во селото битолското Нижеполе во 1923 година. Како младинец се истакнал со непосредни идеи поради што бил примен за член на младинска воспитна група во селото, непосредно после окупацијата. Нешто подоцна бил примен за член на КПЈ. Кога била формирана четата „Јане Сандански“, Чолаковски бил еден од нејзините борци. Само ден подоцна од формирањето на 9 септември 1942, загинал при несреќен случај, т.е. при недоволно внимателен пренос на пушки
