8 февруари
Настани:
1994 САД ја признаа Република Македонија.
1996 Република Аргентина ја призна Република Македонија.
Родени:
1881 Георги Баждаров — македонски револуционер. Георги Баждаров е роден во серското село Горно Броди, тогаш во Отоманското Царство. Образование добива во Солунската машка гимназија (1896 – 1899) и Битолската гимназија (1899 – 1900). По создавањето на ВМРО е избран за член на Задграничното претставништво, а во 1925 година на Шестиот конгрес во селото Србиново е реизбран на истата функција, заедно со Наум Томалевски и Кирил Прличев. Тој е еден од противниците на преговорите со комунистичките сили и во 1924 година се противи на Мајскиот манифест. Од 1919 до 1923 година е главен уредник на весникот „Македонија“. Во 1923 година ја издава книгата „Духот на Македонија“. Баждаров е еден од основачите на Македонскиот научен институт и неговиот потпретседател. Уредник е на списанието „Македонски преглед“. Во 1929 година ја издава книгата „Горно Броди“, прв и трет том од „Спомени“. Во 1929 година. Баждаров станува жртва на братоубиствената борба во ВМРО на 19 септември 1929 година во Варна.
1922 во Велес роден е Благој Ѓорев. Во неговата куќа се собира расфрлано оружје од бившата југословенска војска, кое го носат членовите на движењето на отпорот. Во декември 1941 год., во неговата куќа на машина се отчукувале текстовите за бунтовниот весник „Народен билтен”. Меѓутоа, неговата активност била забележена од бугарската полиција. Заради интензивната потрага и негово следење и за да не им падне во рацете на Бугарите, во втората половина на септември 1942, Благој заминал во реорганизираниот партизански одред „Димитар Влахов”. Во одредот станал заменик политички комесар. 1942 Благој Горев влегол во составот на Втората чета. Во својот борбен пат оваа чета минала низ повеќе населени места во околината на Велес. Минувајќи низ Ново Село, велешко, четата влегува во бугарска заседа и во меѓусебниот разменет огин со Бугарите, Ѓорев е погоден во престрелката загинувајќи на 1 ноември 1942. Така падна овој македонски син за слободата на поробената татковина.
Починале:
1998 Во Њујорк умре Ото Ташковиќ, македонски и светски признат архитект. Ташковиќ е роден во 1901 година во Битола. На 18 октомври 1928 година склучил тригодишен договор како градски архитект во Битолската општина и по неговото истекување, во 1931 година побарал и добил раскинување на работниот однос. Како прво негово дело се смета Земјоделското училиште во Битола изградено во 1927 година. Следната година заминал на усовршување за изградба на автопати и високоградба во САД. Од 1935 до 1946 година бил сопственик на градежна фирма со седиште во Скопје. Во тој период изградил многу објекти, како што се патишта, мостови, аеродроми, стоковни куќи и фабрики. Фирмата работела за Југославија, Бугарија, Турција во која биле вработени 3000-5000 работници за различни проекти. Тој го извршил сушењето на Пелагониското Блато околу Црна Река на површина од 30000 ха. Ташковиќ ги реализирал следните објекти: 1933 Меѓународниот автопат: Велес-Градско, Прилеп-Градско, Битола-Кичево, 1935 Мостовите на: Црн Дрим во Струга, Црна Река до Битола, Камениот мост на реката Црн Дрим во Дебар, бетонскиот мост во Велес над автопатот, 1938 Хидробиолошкиот институт на Охридското Езеро, 1939 Банската палата (денешно Собрание) 1939 Железничката станица во Скопје.
2015 Почина познатиот новинар и радио водител Стојан Тренчевски, основач и претседател на Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“. Тренчевски е мошне познат новинар и хроничар со богат век, кого го нарекуваа „син на Мајка Тереза“. Животната и професионалната биографија на Тренчевски е ретка и неповторлива. Неговото име е синоним на новинар и радио водител кој целиот свој работен век го посветил на следење на историските настани и личности од денешницата. Меѓу другото, го следеше ликот и делото на Мајка Тереза, соработуваше со Тоше Проески, а остави печат по преносот што на Македонско радио го изврши на денот на осамостојувањето на Македонија. Напишаните 20-тина книги, стотици радио репортажи, филмови, интервјуа, фељтони, разговори, тоа се незаборав и времеплов, негов прилог за богатството на македонската журналистика. Книгите „Нашата мајка“, „Скопјанката Мајка Тереза“.
