домаБЕШЕБеше 08 09 2023

Беше 08 09 2023

8 септември
Настани:
1331 Стефан Душан се прогласува за крал на Србија во Скопје. Според законикот на цар Душан што тој го издал во Скопје во 1349 во оригинал не е зачуван, се прогласил за македонски цар. Душановиот законик започнува со зборовите „Законик на пречесниот и христољубивиот македонски цар Стефан, Цар Душан владетел српски, бугарски, унгарско-влашки, далматиниски, арбанашки, и на многу други региони и земји“. Цар Душан се прогласил за македонски цар, но не затоа што бил Македонец, туку за некој да се прогласи за цар, император, во средновековието морало да ја земе круната на некое царство кое веќе претходно постоело. Тоа царство било Самуиловото, изборот за карактерот на неговата титулата цар, бил јасен, затоа тој и станува македонски цар Стефан.
1814 Во Манастирот Св. Јован Бигорски дошол дебарскиот делија Јусуф-бег со банда разбојници што ја сочинувале над 200 души, познати зулумќари, со намера манастирот да го преуреди во теке. За таа цел донесол и мајстори од Тетово, градители од турско потекло, што имале задача од манастирските објекти да отстранат се што го симболизирало христијанството. Во меѓувреме, од манастирскиот храм се појавил игуменот Арсенија со метална кутија во рацете и се упатил право кон бегот, со намера да му ја предаде. Многумина сметале дека во кутијата се наоѓа клучот од манастирот, што била вообичаена практика во такви прилики. Кога игуменот дошол до бегот, му се обратил со зборовите: Наш почитуван бегу, оваа кутија – подарок, ви ја праќа неговата висост Али-паша Јанински, во знак на помирување! Ве молам да ја примите!, а потоа се повлекол во манастирската црква. Бегот восхитен од гестот на Али-паша, со кого бил во закрвени односи, со љубопитство ја отворил кутијата. А тогаш вивнала силна експлозија од чие разурнувачко дејство настрадале и бегот и неговите најблиски соработници. Од експлозијата на самото место загинале 20 разбојници, а бегот, тешко ранет, бил пренесен во Дебар. Целиот овој случај било дело на Кузман Капидан, кој од страна на охридскиот началник-сераскер Џеладин-бег бил задолжен да ги ликвидира сите водачи на арнаутските разбојнички банди. Во Кодикот од манастирот истиот ден било запишано: Во 1814 година, се стори големо чудо – стана Гемон, кој имаше намера да го разруши манастирот и да го преуреди во теке. Тоа беше дебарскиот Јусуф-бег. Негов непријател беше Али-паша Јанински. На 8 септември Јусуф-бег беше ранет, а на 21 истиот месец почина. Кога го погребуваа настанаа силни грмотевици и паѓаше силен град..!
1940 На Водно, Скопје, се одржува Покраинската конференција на КПЈ за Македонија. Методија Шаторов Шарло е избран за секретар на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, а Кочо Рацин е исклучен од партијата.
1941 Kaj Водно, Скопје, Боро Петрушевски успева да се пробие низ заседата на бугарската војска и полиција, при што убива еден бугарски војник.
1942 кај село Лавци, Битолско формиран e БИТОЛСКИОТ НАРОДНО ОСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД “ЈАНЕ САНДАНСКИ”. Бил именуван и како Народно ослободителна партизанска чета. Извршил напад на бугарскиот екипаж кај железничката станица меѓу селата Српци-Беранци на 10 ноември 1942. Поделен по групи одржувал политички митинзи по битолските и леринските села во зимата 1942/43 г., а потоа во март 1943 г. влегол во состав на Битолско-преспанскиот Партизански одред “Даме Груев”, со кој се префрлил на костурско-леринското подрачје.
1944 Ослободени се Пробиштип и Крушево.
1945 Президиумот на Македонија донесе закон со кој 11 Октомври се прогласува за народен празник.
1991 Референдумот во Македонија се одржал во предвечерјето на распадот на СФРЈ, убедливо мнозинство 95% од граѓаните што излегле на референдумот, позитивно одговориле на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?“ На гласањето, според официјалните податоци, од 1.495.626 гласачи излегле 1.132.981 граѓанин со право на глас или 71,85 отсто, а од вкупниот број граѓани кои гласале на Референдумот позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани односно 95,09 отсто (односно 72,16 % од вкупниот број на граѓани со право на глас). Резултатите само по себе говорат за успешноста на Референдумот. Во официјалниот извештај на Комисијата за спроведување на Референдумот се вели дека за начинот на кој бил спроведен не биле поднесени приговори или жалби поради неправилности или повреди на одредбите на Законот за републички Референдум. Комисијата ја констатирала масовноста на граѓаните со право на глас во Македонија кои се изјасниле „за“ самостојна и суверена Македонија. На референдумот му претходела Декларација за независност што првиот повеќепартиски Македонски парламент ја усвоил на 25 јануари 1991 година.
1992 Промовирана е првата редовна поштенска марка на Република Македонија.
1996 Пуштени во промет шест нови македонски банкноти, што беа промовирани на 6.9. Во оптек се најдоа банкноти во апоени од 10, 50, 100, 500, 1,000 и 5,000 денари. Автор на идејното решение за новите банкноти е Билјана Унковска, сликарка и графичарка.
Родени:
1880 Јордан Тренков македонски револуционер. Роден е во Прилеп, тогаш во Отоманското Царство. Во 1898 година завршува Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ и во периодот меѓу 1899-1903 година учителствал во родниот град. Влегол во Бугарското тајно револуционерно братство, а по неговот растурање станал член на Македонската револуционерна организација и предводел еден од двата табора помеѓу прилепското дејци на организацијата, другиот бил предводен од Петар Ацев Во 1903 година бил делегат на Смилевскиот конгрес, и бил определен за член на прилепското горско началство. Во јуни 1903 година е уапсен од властите, но успеал да избега од затворот и да учествува во Илинденското востание. По задушување на востанието е меѓу ретките раководни дејци, кои останале во Македонија и е илегален началник на околискиот комитет на Организацијата во Прилеп до крајот на 1904 година. При избувнување на Првата балканска војна во 1912 година Тренков е доброволец во Македонско-одринското ополчение и служи во 4 чета на 6 Охридска дружина.
1903 Во Битола, од двајца турски стражари убиен е Александар Аркадиевич Ростковски, руски конзул во Битола. Како руски дипломат во Македонија, тој добро ги следеше настаните во Македонија, а особено тие што се случуваа на територијата на Битолскиот вилает. Посебно внимание обрнуваше на дејноста на ВМРО, за нејзината разгранетост на градски и на селски револуционерни комитети, за движењето на револуционерните чети во Македонија, а особено за почетокот на Илинденското востание. Роден е во 1860 година.
1942 загина Кочо Чолаковски Станко, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење. Роден е во селото Ниже Поле во 1923 година. Од почетокот на окупацијата беше активен приврзаник на антифашистичкото движење и беше вклучен во организирањето на антиокупаторската вооружена борба. Загина при пренесување на оружје во времето на преместувањето на партизанскиот логор во Ореовската Планина. Погребан е на партизанските гробишта во Битола.
1980 Ирена Јорданова македонска писателка. Нејзиниот прв роман Помеѓу е објавен во 2008 година а со овој роман таа влегува во најтесниот избор за наградата Роман на Годината на „Утрински Весник“. Со своето творештво учествува на многубројни прозни настани, читања, конференции и е дел од Интернационалното Биенале за млади уметници од Европа (The International Association of the Biennial of Young Artists from Europe) во 2009 година. Во 2010 година таа го објавува својот втор роман „Катализатор 33“.
Починале:
1976 Во Скопје умре Кирил Ќамилов, македонски учесник во Шпанската граѓанска војна (1936-1939 г.). Роден е во Велес, на 28 јануари 1898 година.
1979 Видое Смилевски – Бато македонски народен херој. Потекнува од богато селско семејство од Никифорово, Гостиварско, кое во време на Првата светска војна се преселило во Белград. Во 1935 година се вработува како банкарски службеник. Во април 1940 година станува член на КПЈ. Во НОВ учествува од 1941 година. Во јули 1944 е упатен на партиска работа во Македонија и учествува на Првото заседание на АСНОМ. Кооптиран е за член на ЦК на КПМ, а од октомври 1944 година ја презема должноста секретар на Обласниот комитет на КП на Скопската област. За народен херој бил прогласен на 7 јули 1953 годин
1984 Во Атина умре Рита Буми Папа, истакната грчка поетеса, повеќекратен учесник на Струшките вечери на поезијата и на Меѓународната средба на литературните преведувачи во Тетово. Автор е на триесетина поетски, прозни и есеистички книги, меѓу кои најзначајни се стихозбирката “Љубовни песни”, “Нена”, “Ново зеленило”, “Пулсот на мојата тишина”, “Илјада убиени девојки” (во која е поместена и песната на македонската хероина Мирка Гинова) и други. Таа е составувач и на антологијата на светската лирика, во која се поместени и песни од македонските поети (Константин Миладинов, Рајко Жинзифов, Кочо Рацин, Коле Неделковски, Ацо Шопов, Матеја Матевски и Анте Поповски). Родена е во 1906 во Никифорово, Гостиварско, на 14 август 1915 година.
1995 Во Скопје умре Ристо Марковски, македонски новинар и познат публицист во областа на науката и техниката. Роден е во Галичник, во 1927 година.
2017 почина легендарниот југословенски актер Љубиша Самарџиќ на 80 години роден на 19. ноември 1936 година во Скопје, во семејство на рудари. Тој стана познато име во југословенското кинематографија по настапите во воените филмови во поранешната СФРЈ во кои постојано глумеше партизан и лик од народот.
Празници:

  • Ден на независноста на Република Македонија.
  • 8 септември е светски ден на Физиотерапевтите.
  • 1967 УНЕСКО го прогласи Меѓународниот ден на писменоста

Ден 18 април 2025

00:01:17