домаБЕШЕБеше 07 февруари 2024

Беше 07 февруари 2024

7 февруари

Настани:

1992 ЈНА се повлече од Република Македонија кој станува независна држава за прв пат во илјада години. При ова ЈНА ги остави само ѕидовите од касарните. Од 12 до 16 милијарди евра вредело сѐ што Југословенската армија изнела при повлекувањето од Македонија.

Родени:

1938 Петар Глигоровски македонски сликар и режисер на анимирани филмови. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград, а анимација специјализирал во Загреб. Тој е еден од водечките претставници на македонската современа анимација. Автор е на првиот македонски анимиран филм „Embrion № M“ во 1971 година.

1942 Марија Воденска поет и романописец. Родена е во с. Цакони, Воденско, Егејска Македонија. Завршила Филолошки факултет во Скопје, а работела како професор и новинар. Член на ДПМ од 1993 година. Книжевно творештво- Гранитна есен (поезија, 1985), Три чешми (документарна проза, 1990), Беломорка (роман, 1991), Раселени прва книга (документарна проза, 1998), Раселени втора книга (1999), Христијан (роман за деца, 2000), Беломорка втора книга (2000)

Починале:

1876 Во Цариград умре Партенија Зографски, прв македонски учебникар, филолог, фолклорист, еден од најистакнатите културни и црковни работници од 19. век во Македонија и прв македонски митрополит. Роден е во Галичник,во 1818 година

1908 во месноста Трнка кај селото Долна Рибница, Петричко, во борба со турскиот аскер загинал Мануш Ѓорѓиев Турновски. Бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација

1928 во Софија умира македонскиот револуционер и кратовски војвода Славчо Абазов (Злетово, Пробиштипско). Учествувал во подготовките за Илинденското востание, војувал за време на Балканските војни. Во јули 1918 година, Славчо бил назначен за член на окружната постојана комисија во Куманово и водел голема грижа за да го овозможи прехранувањето на наслението. Учествувал во основањето на Илинденската организација и бил прв нејзин благајник.

1944 Кај селото Биљача, близу до Куманово, во борба против бугарската војска и полиција, покрај другите, загина и Христијан Тодоровски – Карпош, народен херој на социјалистичка Југославија, од Македонија. Роден е во Куманово, на 3 септември 1921 година.

1973 Во Скопје умре Никола Мартиноски, македонски ликовен уметник, педагог и академик, име кое четири децении беше едно од најдобрите репрезенти на македонската уметност пред светот. Тој е еден од основачите и прв директор на Уметничкото училиште во Скопје. Неговите уметнички дела се наоѓаат во колекциите на повеќе музеи и галерии, како и во голем број приватни колекции во земјата и во странство. Роден е во Крушево, на 15 август 1903 година.

1995 Шишман Ангеловски македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Професионалната кариера Шишман Ангеловски ја започнал во Куклениот театар во Скопје во 1957 година. Истата година почна да настапува и на сцената на Македонскиот народен театар. Член на Драмскиот театар станува во 1959 година, каде што има одиграно преку 80 улоги. Добитник е на Наградата на Здружението на драмските уметници на Македонија, како и на неколку други признанија добиени за остварувања на филмот. Бил прогласен за Најпопуларно ТВ лице во Македонија.

1997 Лазар Манчевски – Пинџур македонски поет и раскажувач роден во Неготино. Работел како советник во Работничкиот универзитет „Кочо Рацин“ во Скопје. Член на ДПМ од 1968 година. Автор е на книгите: Песни за татковината (поезија, 1961), Поцврсти од камен (драма, 1961), Градот и љубовта (поезија, 1963), Разорани лаки (поезија, 1964), Ми заплакало селото Ваташа (поезија, 1966), Дијалектика на празникот (поезија, 1966), Делото на едно дете (раскази, 1972), Камен и корен (поезија, 1974), Болка во одот (поезија, 1979), Алови утра (поезија за деца, 1979), Луда Мара (поезија, 1980), Татко, кажи ми (поезија за деца, 1981), Опеани херојства (поезија, 1982), Крвоток (поезија, 1990), Раѓање на денот (раскази, 1990), Патриотски созвучја (поезија со музика, 1991), Сончева далга (поезија, 1992), Пред ново време – песни и стихотворенија, 1941-1944 (поезија, фототипско издание објавено во 1993), Спознанија (поезија, 1995), Кога стапнав на оваа земја (поезија, 1995). Посмртно прогласен за почесен граѓанин на Неготино

Ден 18 април 2025

00:01:17