домаБЕШЕБеше 06 февруари 2024

Беше 06 февруари 2024

6 февруари

Беше тоа на 6 Февруари 1893 кога во Охрид умре Григор Прличев, еден од најпознатите македонски писатели од 19 век. Меѓу најпознатите негови остварувања се поемите “Сердарот” и “Скендербег”, и познатото дело “Автобиографија”. Со поемата “Сердарот”, за која на поетскиот конкурс во Атина доби Ловоров венец, ја издигна македонската литература меѓу најпознатите книжевни остварувања на Балканот во своето време. Роден е во Охрид, на 30 јануари 1830 година.

На 6 Февруари 1945 во Скопје почна со работа првата предучилишна установа „Орце Николов“.

Беше тоа на 6 Февруари 1946 кога во Прилеп роден е Благоја Спиркоски – Џумерко. Оствари огромен број на улоги по кои ќе го паметиме вечно, но неговиот пиедестал во кариерата е улогата на Итар Пејо во ТВ драмата „Солунски патрдии“. Носител е на наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“ од 2011-та година.

Беше тоа на 6 Февруари 1992 Република Турција ја призна Република Македонија.

Беше тоа на 6 Февруари 1996 Јован Теговски стана првиот амбасадор на Република Македонија при Европската унија.

Ден 18 април 2025

00:01:17