домаБЕШЕБеше 06 декември 2023

Беше 06 декември 2023

6 декември
Беше тоа на 6 Декември 1927 Во Ќустендил умре Ефрем Цветков Каранов, собирач на македонски народни умотворби. Тој, заедно со Ѓорѓи Пулевски, П. Киновски, Ѓ. Абаџиев, В. Икономов, Д. Матов, Е. Спространов и други, се појави како значаен популаризатор на македонското народно поетско творештво. Каранов е основач и претседател на Македонското емигрантско друштво во Ќустендил, прво од таков вид во Бугарија. Роден е во Кратово, на 25 јануари 1852 година.
Беше тоа на 6 Декември 1968 кога во Велес се одржаа првите „Детски Рацинови средби“, манифестација во чест на ликот и делото на македонскиот поет Кочо Рацин, а покрај тоа, има за цел да го афирмира детското литературно и ликовно творештво.
Беше тоа на 6 Декември 1987 во Скопје почина Лазар КАЛАЈЏИСКИ-Добри, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија, полковник на ЈНА.Во време на антиокупарорската борба бил секретар на Меснит комитет (МК) на КПЈ во Неготино и раководител на Месниот воен штаб, заменик командант на Третата оперативна зона на НОВ и ПОМ. Бил избран за делегат на Второто и Третото заседание на АВНОЈ и бил учесник на Првото заседание на АСНОМ. Во ноември 1944 г. бил командант на Битолската воена област и како таков, при формирањето на Првата егејска бригада во Битола на 18 ноември 1944 г. му го предал знамето на нејзиниот командант Илија Димовски-Гоце. На 1 декември 1944 г. бил унапреден во чин мајор. Завршил Воена академија, па бил началник за народна одбрана при Владата на НРМ. Бил носител на Партизанска споменица 1941.
Беше тоа на 6 Декември 1991 Распаѓање на СФРЈ: Во Хрватска, единиците на ЈНА го бомбардирале Дубровник по шестмесечна опсада.
Беше тоа на 6 Декември 1994 Во Битола умре Методија Марковски, актер на Битолскиот народен театар. Роден е во 1944 година.
Беше тоа на 6 Декември 2011 кога почина Гоце Арнаудов, познат македонски пејач на народна музика. На десетгодишна возраст почна да свири гитара и да пее во групата на неговиот татко. По завршувањето на средното образование ја формира групата „Крик“, со која се претставуваше низ цела поранешна Југославија. Во Македонија се врати во 1993 година, а во 1994 година на Фолк фест – Валандово ги освои сите награди со песната „Дали чекаш стара мајко“. Пет години беше прогласуван за најпопуларна личност на Македонија, а учествата на Фолк-фест Валандово му донесоа 22 награди. Неколку пати ја доби наградата за интерпретација на најголемиот пејач „Никола Бадев“ на фестивалот „Гоце Фест“. Редовно учествуваше на турнеи во Европа, Америка и Австралија. Ќе остане запаметен по песните „Ех да беше стрела песната”, “Дали чекаш стара мајчице”, “Ќе пијам ќе лумпувам”, “Свири мајсторе”, “Полни бре меанџијо”… Арнаудов е роден во Струмица на 19 август 1959 година.
Беше тоа на 6 Декември 2018 кога почина Љубиша Георгиевски роден во Битола на 30 мај 1937-та година. На македонската јавност и е познат и како кандидат за претседател во 1994-та година, беше амбасадор во Бугарија од 2000-2004 и претседател на Собранието на Република Македонија од 2006-2008 режисер, писател, педагог и политичар, профил на интелектуалец кој постави лични и професионални стандарди во нашето општествено живеење.

Ден 18 април 2025

00:01:17