5 декември
Настани:
На 5 Декември 1928 е роден Ристо Стефановски македонски театролог и глумец. Се образувал на Државната театарска школа во родниот град, а потоа студирал глума на Театарската академија во Белград. Во периодот од 1951 до 1960 година работел како глумец во Народниот театар во Скопје, а од 1957 до 1983 година раководел со Куклениот театар кој подоцна прераснал во Драмски театар. Од 1983 до пензионирањето во 1988 година бил извршен директор на Македонскиот народен театар. Напишал повеќе книги и текстови за театарската уметност. Автор е на книгите:, Театарот во Македонија од античкиот период до 1944 година, Од Хераклеја до народен театар во Битола, и Подемот на театарот 1968-1971, а се јавува и како соавтор на бројни трудови од областа на теаатарската дејност, вклучително „30 години Драмски театар“ и „Летопис на МНТ 1945-1995“. Добитник е на бројни награди и признанија, вклучувајќи ги наградата „13 Ноември“, наградата „11 Октомври“, Стериината награда за животно дело, наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело и наградата „Св. Климент Охридски.
Беше тоа на 5 Декември 1937 голема поплава го зафати Скопје и скопска околија.
Беше тоа на 5 Декември 2011 кога Меѓународниот суд на правдата во Хаг пресуди дека Грција го прекршила членот 11 од Времената спогодба со блокирањето на приемот на Македонија во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008. Претседателот на Судот Хисаши Овада соопшти дека Одлуката е донесена со 15 гласови за и еден против. Пресудите на Меѓународниот суд на правдата се конечни и обврзувачки за земјите-членки на ОН, односно за страните во спорот и во огромен процент тие се испочитувани.
На 5 Декември 2011 во Скопје умре Ѓорѓи Доневски, претседател на Здруженијата на децата – бегалци од Егејска Македонија „Незаборав“. Доневски на 13-годишна возраст беше „евакуиран“ односно присилно одделен и одроден од семејството и местото на раѓање за да го продолжи животот во Бела Црква, каде што беше сместен еден од бегалските домови за децата бегалци од Егејска Македонија. Беше неуморен борец за правата на Македонците од Егејска Македонија. Роден во 1935-та во с. Бапчор во Егејска Македонија.
5 Декември е Светскиот ден на волонтерство.
