5 септември
Настани:
1956 Во месноста Моклиште над селото Ваташа, Кавадаречко, во утринските часови на 5 септември огромно свлечиште земја затрупа 11 луѓе. Сите затрупани беа овчари со нив беа затрупани и 12000 овци и повеќе грла крупен добиток на земјоделските задруги во Ваташа, во Дреново и во Возарци.
1992 Бранко Црвенковски стана втор премиер на Република Македонија, на возраст од 29 години. Собранието на Република Македонија ја избра новата македонска коалициона влада.
1999 Во Скопје, пред Домот на АРМ е откриен споменик на Мајка Тереза, најголема хуманистка на 20. век, добитник на Нобеловата награда за мир во 1979 година.
2000 Во Скопје, со симболично предавање на клучевите од дуќанот со површина од околу шеесетина метри квадратни на улицата “Максим Горки” бр. 7 на Лепосава Пиперковска и на другите наследници од Скопје, премиерот Љубчо Георгиевски го означи стартот на денационализацијата во Република Македонија.
2009 Во водите на Охридското Езеро потона бродот „Илинден“, кога животот го загубија 15 туристи од соседна Бугарија. Несреќата се случи во 10:30 часот, бродот со 57 патници сообраќаше на релација од Охрид за Свети Наум. Тоа саботно утро времето беше исклучително топло, езерото мирно, ништо не навестуваше дека ќе се случи најголемата бродска несреќа во историјата на пловидбата на Охридското Езеро. „Илинден“ се преврте и потона на околу 250 метри оддалеченост од брегот на езерото, кај автокампот „Елешец“.
Родени:
1919 Владо Малески е роден во Струга. Основно образование завршил во Скадар, Албанија, а гимназија во Битола. Студирал на Правниот факултет во Белград, но поради избувнувањето на Втората светска војна ги прекинал студиите. Бил учесник во НОБ на Македонија како еден од организаторите на партизанското движење во струшкиот крај. По завршувањето на војната бил директор на Радио Скопје и уредник на списанијата „Нов ден“, „Современост“ и „Разгледи“. Исто така, работел во дипломатската служба, како амбасадор во Либан, Етиопија и Полска, а бил и член на Претседателството на Социјалистичка Република Македонија. Станал член на Друштвото на писателите на Македонија во 1946 година.
1959 Рефет Елмази македонски политичар. роден во село Теново, Општина Брвеница, Тетово. Дипломирал на 19 февруари 1984 година Факултетот за одбрана на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Од 1984 до 1998 година работи како професор во средното училиште „Кирил Пејчиновиќ“, во Тетово, а од 1998 па до 2000 година бил заменик-министер во Министерството за одбрана на Македонија. Од 2000 до 2002 година бил заменик-министер во МВР, за повторно од 21 септември 2006 да ја врши устата функција сè до почетокот на 2008. На Елмази му се препишува заслуга за обезбедувањето на податоци за полициската акција во селото Бродец. На крајот од 2009 година Елмази се повлекува од функцијата како член на претседателството на ДПА и поднесува оставка.
1992 Александар Трајковски македонски фудбалер. Трајковски ја започнал својата кариера во Цементарница 55 во сезоната 2009-10 каде од младинскиот тим бил префрлен во првиот тим. Добрите игри на Трајковски во хрватскиот клуб во вториот дел од сезоната 2010-11 го привлекле вниманието на Динамо Загреб и Андерлехт, кој доставил понуда до Интер Запрешиќ од 500.000 евра, но понудата била одбиена. Сепак, Трајковски на крајот на сезоната потпишал за друг белгиски клуб, Зулте Варегем кој за него платил 1 милион евра. Во 2013, тој бил позајмен на белгискиот клуб Мехелeн. Во летото 2015, Трајковски потпишал петгодишен договор со италијанскиот клуб Палермо
Починале:
1961 Алексо Демниевски – Бауман македонски комунист, учесник во Шпанската граѓанска војна (1936-1939) и во НОБ од 1944 година. На 1 јануари 1945 година Демниевски е поставен за политички комесар и командант на Петнаесеттиот македонски корпус. Учествува во борбите на Сремскиот фронт. Неговиот корпус на 13 април 1945 година учествува во ослободувањето на Винковци, Славонска Пожега, Славонски Брод, Загреб и Цеље. По ослободувањето на земјата врши воени функции и станува генерал-потполковник на ЈНА. Во негова чест, касарната на АРМ во Велес го носи неговото име.
1983 Во Скопје умре Лика Чопова – Јуркова, истакнат педагошки работник и публицист. Потекнува од македонските револуционерни смејства на Делчеви и на Чопови, од мајка Руша Делчева, сестра на Гоце Делчев и татко Андон Чопов. Родена е во Кукуш, Егејска Македонија, на 19 февруари 1885 година.
1988 Петар Ширилов македонски раскажувач, романописец и литературен критичар. Завршил средно земјоделско училиште во Струмица. Студирал на Филозофски факултет во Скопје. Работел во културната рубрика на Радио Скопје, а потоа како новинар-уредник во весникот „Трудбеник“. Бил член на редакцијата на „Современост“. Член на ДПМ од 1964 година.
1990 Иван Михајлов Гаврилов познат уште како Ванчо Михајлов еден од раководителите на ВМРО, контроверзна историска личност во Македонија, нарачател на многубројни политички убиства на македонски и бугарски дејци, поддржувач на нацизмот и фашизмот. Се школувал во Штип, Солун и Скопје, каде што завршил гимназија (1915). По Првата светска војна студирал право на Софискиот универзитет, бил еден од основачите и прв претседател на студентското друштво „Вардар“. Михајлов од официјалната македонска и комунистичката бугарска наука е сметан за најцрната личност во историјата на македонското револуционерно движење. По падот на комунизмот во Софија е подигната спомен-биста на Михајлов. Во Музејот на македонската борба во Скопје исто се наоѓа восочна фигура на Ванчо Михајлов.
1997 Мајка Тереза католичка калуѓерка, добитничка на Нобеловата награда за мир и светица. По неколку годишна борба со болест на срцето и белите дробови на возраст од 87 години. По беатификацијата која на 19 октомври 2003 ја извршил папата Јован Павле II, таа ја добила титулата Блажена Мајка Тереза, која ја носела сè до нејзиното прогласување за светица откако црквата официјално утврдила дела има изведено и второ чудо. По повод 100 години од раѓањето на Мајка Тереза, во Скопје била отворена Спомен-куќа на Мајка Тереза.
2014 Почина сопранот Васка Биџова-Гајдова, уметник од првата генерација на основоположниците на Македонската Опера и Балет. Васка Биџова-Гајдова трајно ќе остане во сеќавање по нејзиниот прекрасен колоратурен сопран, или како што ја наркуваа „Славејчето на операта“. Ке биде запаметена по улогите на Адина во „Љубовен напиток“, Евридика „Орфеј и Евридика“, Кралицата на ноќта „Волшебната флејта“, Лучија во „Лучија од Ламермур“, Џилда во „Риголето“, Фјордилиџи „Така правата сите“, Розина „Севилскиот бербер“ и многу други.
Празници:
Петти септември, денот на смртта на скопјанката Мајка Тереза (Гонџа Бојаџиу), е одреден од Обединетите Нации како Светски ден на милосрдието и добротворните организации.
