домаБЕШЕБЕШЕ - 04 НОЕМВРИ 2023 ГОДИНА

БЕШЕ – 04 НОЕМВРИ 2023 ГОДИНА

4 ноември

Беше тоа на 4 Ноември 1893 Во Солун, со учество на истакнатите македонски револуционери Даме Груев, Петар Поп Арсов, д-р Христо Татарчев, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев, формирана е Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО). Најголемо дело на Организацијата беше Илинденското востание во 1903 година. На Рилскиот конгрес организацијата го доби називот Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО). Покрај споменатите македонски револуцонери, носители на организацијата беа Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Димо Хаџи Димов, Јане Сандански, Никола Карев и многу други револуционери.

На 4 Ноември 1912 Предводени од војводата Петар Чаулев, четите на ВМОРО, четите на селската милиција и бројни доброволци од месното население извршиле напад врз Прибилци и Брежани и заробиле 600 турски војници. Следниот ден (5 ноември) воделе нови борби со војската на Џавит-паша, која била присилена да се повлече. Кај местото Буково на патот Ресен – Охрид биле заробени 300 војници.

Беше тоа на 4 Ноември 1944 кога единиците на НОВ на Македонија по борбите што ги водеа на приодите кон Битола го ослободија градот.

На 4 Ноември 1946 Основана е УНЕСКО (Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура) заради решавање на проблемите со образованието во земјите погодени во Втората светска војна. Подоцна задачите на УНЕКСО беа проширени, посебно во заштита на културното и историското богатство и размена на научни работници и публикации.

Беше тоа на 4 Ноември 1952 кога е роден Илко Стефановски, македонски театарски и филмски глумец, првенец на Битолскиот народен театар.

На 4 Ноември 2004 САД ја признаа Република Македонија под уставното име.

На 4 Ноември 2015 Умре Методија Тошевски, поранешен главен државен ревизор и министер во Владата на Република Македонија и човек кој ги удри темелите на работењето на Државниот завод за ревизија.

Ден 18 април 2025

00:01:17