3 декември
На 3 Декември 1918 е роден Љубе Пота, македонски архитект, пионер во неговата бранша во современа Македонија. Урбанистичката кариера ја започнал во 1948 година како шеф на Одделот за урбанизам во Министерството за Комунални работи на Македонија. Како ехперт на Обединетите Нации работел во земијте во Јужна и Средна Америка. Пота соработувал и со јапонскиот архитект Кензо Танге во изработка на Деталниот Урбанистички План за центарот на Скопје. Починал во Скопје на 30 јули 2015 година.
Беше тоа на 3 Декември 1942 кога во Тетово излезе првиот број на весникот на Окружниот комитет на КПЈ за територијата на Македонија под италијанска окупација „Востаник“. Излегуваше до февруари 1943 година.
На 3 Декември 1980 во Скопје почина Драги Костовски, познат македонски артист кој на најшироката јавност и е познат по исклучителните остварувања, по многубројните улоги на театарската сцена, на филмот, на телевизијата и во радиодрамската уметност. На филм дебитира со својата улога во МИС СТОН (1958), по што следува низа од филмови во коишто како носител на главни и епизодни улоги ја потврдува својата извонредна способност за типолошки преобразувања. Роден е во Битола на 22 април 1930 година.
Беше тоа на 3 Декември 1989 Почина Никола Солдатов, познат македонски новинар и коментатор, еден од основачите на спортската редакција на ТВ–Скопје.
На 3 Декември 1993 САД отворија Канцеларија за врски во Скопје, а на чело на ова дипломатско претставништво е поставен Роберт Норман.
Беше тоа на 3 Декември 2013 Во Скопје починала писателката и публицист Вера Бужаровска. Писателската кариера ја почнала во 1962 година со објавувањето на детската книшка „Стоп“ наменета како забавна и поучна литература за најмладата читателска публика. Следуваат над четириесетина прозни и поетски остварувања, во кои доминираат повести и во чиј центар е жената и нејзината судбина во патријахалното опкружување и многу други трудови. Бужароска е родена во Битола на 7 декември 1931 година.
На 3 Декември 2015 почина Благоја Стефановски — македонски политичар. Од 1975 до 1980 година бил директор на Битолскиот народен театар. Бил претседател на Фестивалот „Браќа Манаки”, претседател на Советот и селектор на драмската програма на Фестивалот „Охридско лето” и претседател на Фестивалот „Војдан Чернодрински”. Од 1994 до 1998 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија. Од 1 ноември 2002 година до 6 јули 2006 ја извршува функцијата министер за култура. Во 2019 година доделена му е наградата „4 Ноември“ за животно дело.
3 Декември е Меѓународен ден на лицата со посебни потреби
