2 ноември
Беше тоа на 2 Ноември 69 п.н.е. кога е родена Клеопатра позната како последниот независен владетел на Египет, кој по нејзината смрт станал римска провинција. Клеопатра била припадничка на Птоломејската династија која владеела со Стариот Египет, т.е. наследничка на еден од генералите на Александар Македонски, кој ја презел контролата врз Египет по неговата смрт. На почетокот, Клеопатра владеела заедно со нејзиниот татко Птоломеј XII Аулет, а подоцна заедно со нејзините браќа, Птоломеј XIII и Птоломеј XIV, со кого и се омажила согласно со египетските обичаи.
Беше тоа на 2 Ноември 1903 кога на врвот Маргара, близу до селото Чаниште, Мариовско, се водеше тешка борба меѓу четите на Ѓорче Петров, Лазар Поп Трајков, Иван Попов, Лука Иванов, Циле Кономладски и Јово Јовановиќ, од една и турската војска, од друга страна.
На 2 Ноември 1908 роден е Коста Рацин македонски поет, раскажувач, есеист, публицист, филозоф, општествено-политички деец, историски истражувач, комунист и партизански борец. Иако самоук, Рацин е еден од најистакнатите македонски интелектуалци во меѓувоениот период, еден од основоположниците на современата македонска литература. Познат е по својата збирка песни „Бели мугри– е “. Освен со поезијата, Рацин пишува проза и има неколку значајни трудови од областа на литературната критика, филозофијата и историјата. Убиен е на Лопушник, Кичевско, 13. VI 1943г.
Беше тоа на 2 Ноември 1915 кога е роден Никола Минчев Јане во Кавадарци. Со започнувањето на војната, па се до крајот на војната извршувал неколку функции: Командант на штабот на Третата оперативна зона, командант на првиот тиквешки партизански одред “Добри Даскалов“, член е на Месниот комитет на ПК за Кавадарци. Бил потписник на Главниот штаб во 1943 г., делегат на АСНОМ и член на Президиумот на АСНОМ. Минчев е прв министер за образование, прв министер за просвета во првата влада и ја потпишал првата македонска азбука и македонскиот правопис. Повеќе од една деценија бил министер за финансии во Владата на ФНРЈ и директор на Сојузниот завод за стопанско планирање. Во 1965 бил Претседател на Извршниот совет на Р.Македонија, Претседател на Собранието и член на Советот на федерацијата се до неговото пензионирање. Како член на Советот волонтерски ја извршувал функцијата директор на металуршкиот комбинат ФЕНИ во Кавадарци. Починал во Скопје на 6 април 1997 г.
Беше тоа на 2 Ноември 1943 кога кај селото Раштани (кичевско) единици на батаљонот „Мирче Ацев“ воделе тешка борба со балистите. Поради големите загуби балистите се повлекуваат кон селото Зајас. Утредента партизаните го ослободуваат и Зајас.
Беше тоа на 2 Ноември 1944 кога Централниот комитет на Бугарската работничка партија (комунистите) во писмо до генералниот секретар на Комунистичката партија на Југославија Јосип Броз Тито ја призна вината за фашистичките злодела направени во Југославија во Втората светска војна.
Беше тоа на 2 Ноември 1962 кога е роден Трајко Вељаноски правник, политичар и осми по ред претседател на Собранието на Република Македонија. Должноста ја вршел од 2008 до 2016 година. Член е на ВМРО-ДПМНЕ. Во собранието ги вршел и должностите како претседател на комисијата за уставни прашања и шеф на делегација на Собранието на Македонија во интерпарламентарната унија.
На 2 Ноември 1982 Роден Борко Ристовски македонски ракометар репрезентативец на Македонската ракометнарепрезентација. Настапувал за повеќе македонски и европски ракометни клубови меѓу кои и екипата на Рајн-Некар Левен во германската Бундеслига и други.
На 2 Ноември 1988 за првпат на интернет се појавил вирус.
