домаБЕШЕБеше 02 февруари 2024

Беше 02 февруари 2024

2 февруари

Беше тоа на 2 Февруари 1902 роден е прочуениот унгарски фудбалер и стратег Илеш Шпиц, чие големо срце од преголема возбуда престана да бие токму во вардаровата соблекувална во месец октомври 1961г. по победата на Вардар над ОФК Београд. Инаку животната судбина во 1939 г. го води токму во Скопје, каде останува се до крајот на Втората Светска Војна предводејќи ги екипите на Ф.К Граѓански и Ф.К Македонија (двата клуба кои се историски и формално правни претходници на денешниот Ф.К Вардар).

Беше тоа на 2 Февруари 1934 Славка Манева е родена во Скопје. Работела како професор по македонски јазик и литература во гимназиите „Цветан Димов“ и „Јосип Броз Тито“ во Скопје. Пишува поезија и проза за деца подолг период. Има подготвено и преведено антологија на детскиот расказ „Децата на светот“. Преведувана е на српски, турски, албански, руски, бугарски, полски, ерменски, грузиски и литвански јазик. Застапена е во повеќе антологиски избори кај нас. За книгата сказни „Ѕвездени перничиња“ добитник е на награда „Ванчо Николески“ за 1996 година, што ја доделува друштвото на писатели во Македонија. Починала во Скопје на 8 јануари 2010 година

Беше тоа на 2 Февруари 1938 почина Глигор Стефанов Попев — македонски револуционер. Роден е во богато прилепско трговско семејство, а и самиот станал крупен трговец. Во 1894 година бил вклучил во револуционерната организација од страна на Даме Груев и влегол во Битолскиот окружен комитет заедно со Пере Тошев и Ѓорѓи Пешков, а подоцна кон нив се приклучил и Ѓорче Петров. Доаѓањето на Попев во Солун коинцидирало со започнувањето на судирот помеѓу Централниот комитет и членовите на Бугарското тајно револуционерно братство. Во револуционерно движење учествувал долги години, а по Балканските војни војни се населил во Бугарија, а таму го завршил и својот живот.

Беше тоа на 2 Февруари 1944 започна Февруарскиот поход, походот го изведоа единиците од НОВ (Првата, Втората македонска бригада и групата баталјони) кои презедоа маневарски продор кон Централна и Источна Македонија. Втората македонска бригада во која поголемиот дел од борците се од Тиквешко дејствувала помеѓу Тиквеш и Гевгелиско, преземајќи офанзивни дејства према Кавадарци и Демир Капија. Походот трае до 25 февруари 1944 година, при зимски услови, висок снег и многу ниски температури а притоа водејќи жестоки борби со фашистичките сили.

Беше тоа на 2 Февруари 1983 Во Охрид умре д-р Елена Етингер Каваева, еден од основоположниците на македонската заштита на охридско-струшкиот крај и во Македонија, активен учесник во Октомвриската социјалистичка револуција во Русија, личен пријател на Ленин и помагач на НОВ во Македонија. Заедно со својот сопруг д-р Владимир Каваев влезе во енциклопедиите на медицинските науки. Родена е во Честахов, Полска, на 20 ноември 1903 година.

Беше тоа на 2 Февруари Светски ден за заштита на водните живеалишта

Беше тоа на 2 Февруари 1994 Чешка Република дипломатски ја призна Република Македонија.

Ден 18 април 2025

00:01:17