домаБЕШЕБеше 02 09 2023

Беше 02 09 2023

2 септември
Настани:
1845 Дебарските бегови, браќата Аќив-паша и Далиб-бег, решиле да се отцепат од султанската власт и да станат независни феудалци. За свое седиште го одбрале Галичник, бидејќи се наоѓал на стратегиски важно место, од каде што можело да се следи движењето на султанските војски. Жителите на Галичник биле изложени на големи маки и искушенија, бидејќи морале да ги издржуваат со храна и облека беговите и нивните војски. Не можејќи да го издржат големиот товар, селските првенци во Тетово го пратиле Стамат Гозароски за да му се пожали на тамошниот паша за страдањата на кои биле изложени. Освен што економски биле исцрпени, тие, исто така, биле должни да издвојуваат млади луѓе за во војска. Тетовскиот сераскер Ајрадин-паша го ислушал пратеникот од Галичник, по што му ветил дека наскоро ќе дојде со своја војска за да ги уништи одметниците.
1922 Во Скопје бил формиран спортскиот клуб „Македонија“.
1944 Ослободен е Демир Хисар.
1944 Президиумот на АСНОМ на својата трета седница, одржана во манастирот Свети Прохор Пчински, еден месец по историското Прво заседание на АСНОМ, донел одлука за основање на телеграфска агенција на Македонија – ТАМ. Оваа агенција одиграла мошне важна улога во ширењето на вистината за праведната борба на македонскиот народ за национално и социјално ослободување.
1944 Кај селото Отиштино, Велешко, од Велешкиот НОП одред “Трајче Петкановски” и од борците од велешкиот крај е формирана Осмата македонска НОУ бригада. При формирањето имаше четири баталјони со околу 950 борци. Во септември бригадата дејствуваше по должината на железничката пруга Велес – Скопје.
1991 Во Скопје е формирано Геронтолошкото друштво на Македонија.
Родени:
1963 Жанета Вангели македонска сликарка, истакната авторка на инсталации, видео и филмски проекти. Дипломирала на Државната академија за уметност во Франкфурт на Мајна во 1988 година. Ја претставувала Македонија на Венециското биенале во 2003 година. Работи дела во духот на неоконцептуалата, обработувајќи содржини со сложен антрополошки карактер: Порта (1994), циклус Непрестајна желба за вечност (1998), Судијата (2002). Живее и работи во Скопје.
Починале:
1905 Кај месноста Ѓуров Дол, во близина на селото Ѓавато, Гевгелиско, во борба против триилјадна турска војска, откако го уби турскиот јузубашија, со последниот куршум се самоуби гевгелискиот војвода Леонид Јанков. Борбата, што ја водеше заедно со уште неколкумина негови соборци траеше цел ден. За херојската борба на Леонид Јанков и ден-денес се пее и се раскажува не само во Гевгелија, туку и низ цела Македонија. Песната “Трба, трби гевгелиска” му е посветена на овој 27-годишен војвода. Роден е во селото Мачуково, Гевгелиско, во 1878 година.
1941 Коле Неделковски македонски поет, за да не се предаде жив во рацете на бугарската полиција, фрли бомба и се самоуби, фрлајќи се на улица низ прозорецот од својата соба. Живееше во стан на шести кат во Софија. Најпознати негови дела се збирките песни “Молскавици” и “Пеш по светот”. Роден е во селото Војница, Велешко, на 16 декември 1912 година.
1945 Кај селото Корнишор, Ениџе-Вардарско, откако беше предаден и поколен од една грчка жандармериска единица, при обидот да го пробие обрачот, загина од непријателски рафал Атанас Коровешов, член на Главното раководство на НОФ, еден од најверните синови на македонскиот народ. Роден е во селото Смрдеш, Костурско, во 1918 година
2000 Умре Александар Каевски, еден од основоположниците на современата македонска илустрација за деца и млади. Роден е во 1932 година.

Ден 18 април 2025

00:01:17