1 ноември
Беше тоа на 1 Ноември 1943 кога единици на батаљонот „Мирче Ацев“ по двочасовни борби со германските единици и со балисти по вторпат го ослободуваат Кичево.
На 1 Ноември 1946 Обединетите нации формираа Меѓународен фонд за помош на децата (УНИЦЕФ).
Беше тоа на 1 Ноември 1973 кога од ранжирната станица Трубарево тргна првиот електричен воз во Македонија.
Беше тоа на 1 Ноември 1993 кога стапува на сила Мастришкиот договор, со што се создава Европската Унија.
На 1 Ноември 1998 Република Македонија стана 24-та членка на Европската организација за безбедност на воздухопловната навигација – ЕУРОКОНТРОЛ со седиште во Брисел.
Беше тоа на 1 Ноември 2002 кога Македонското Собрание со 72 гласа „за“ и 28 „против“ ја избра новата Влада на Република Македонија, предводена од Бранко Црвенковски.
На 1 Ноември 1871 во селото Лабуништа, Струшко, е роден Ангелко Крстиќ, македонски романсиер, раскажувач, драмски автор и учител. Првиот литературен прилог го објавил во „Цариградски весник“ под псевдонимот „Дримколец“ во 1904 година. За романот „Трајан“ во 1934 година ја добива наградата на Академијата на седумте уметности во Белград за најдобар српски роман. Во 1940-1941 година е директор на скопскиот дневен весник „Глас. Умре во селото Лабуништа, на 6 мај 1952 година.
Беше тоа на 1 Ноември 1995 кога во Скопје умре Васил Иљоски, македонски драмски писател, есеист, критичар и книжевен историчар. Најпознати негови дела се пиесата „Бегалка“ и комедиите „Чорбаџи Теодос“ и „Свадба“ и многу други.
На 1 Ноември 2013 почина Владимир Светиев. Светиев е роден во 1945 во Светомитрани, еден од најекспонираните македонски актери и долгогодишен првенец на Македонскиот народен театар. Во 1971 година Светиев влегол во ансамблот на Драмата на МНТ, таму го поминал сиот работен век, а повремено гостувал и во другите македонски театри. Две сезони поминал во Милхајм, Германија, во Театарот на Ромите „Пралипе“. Одиграл шеесетина улоги и во историјата на македонската глума е впишан како еден е од најнаградуваните актери: добитник е на награди за најдобри театарски остварувања на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп (1977, 1988, 1990, 1991 и 2002), на наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело (2012) и на наградите „11 Октомври“ и „13 Ноември“.
1 Ноември е Светски ден на веганите
