домаБЕШЕБеше 01 09 2023

Беше 01 09 2023

1 септември
Настани:
1920 На иницијатива на Месната организација на КПЈ во Скопје е одржан протестен митинг против предизборниот терор и против фалсификувањето на изборите со општинските избори во Македонија. Усвоена е резолуција за поништување на фалсификуваните избори, пуштање на мобилизираните војници, како и давање глас на сите граѓани. Под притисок на протестот властите во Кралството Југославија во некои општини ги поништија изборите и распишаа нови.
1939 до 2 Септември 1945 траеше најголемата војна во историјата (втората светска војна) Во судирите учествуваа 61 земја.
1943 Во Корештата, Костурско, е формиран македонскиот партизански одред “Лазо Трповски”.
1944 Втората македонска НОУ бригада ја нападна железничката станица Богомила, Велешко, ја разурна станицата и зароби 40 бугарски војници, меѓу кои и двајца офицери.
1944 Првата македонска НОУ бригада ги нападна балистичките сили и го зазеде Кичево. Меѓутоа, кога непријателот присобра сили и од правецот на селото Дреново ја нападна од грб, таа го напушти градот и се повлече во Дебарца. По патот ги нападна германските обезбедувања крај железничката станица Пресека, кај селото Сливово и кај селото Ботун, ги протера и им причини загуби од осум мртви и пет заробени војници, а кај Кичево загубите на непријателот беа значително поголеми. Бригадата имаше 12 мртви и 18 ранети борци.
1960 Формирана е Редакцијата на Телевизија Скопје и е снимена првата телевизиска вест што се емитуваше преку мрежата на ЈРT. Во Редакцијата беа Димче Божиновски – уредник, Драги Аргировски и Димче Марковски – новинари и Благоја Прличков и Димче Гечевски – сниматели-камермани. Од тој ден Редакцијата секојдневно подготвуваше телевизиски извештаи од сите значајни настани во Македонија и телевизиски прилози од стопанскиот, образовно-културниот и спортскиот живот.
1990 Во Кичево се одржа протестен “Митинг на жедните” за обезбедување вода за пиење за потребите на Општина Кичево
1992 Министерството за надворешни работи на Русија официјално предложи Република Македонија да назначи свој официјален претставник во Москва.
1992 Во Скопје е формирано Македонско здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи.
1993 Во Женева е отворена Постојаната мисија на Република Македонија при ООН и другите меѓународни организации со седиште во Женева.
1994 Големото Војводство Луксембург ја извести Република Македонија дека воспоставува дипломатски односи со нашата држава.
2000 Во Скопје, во издание на ДИД “Магазин” излезе првиот број на списанието “Зум” .
Родени:
1858 Трајко Китанчев е роден во селото Подмочани, Ресенско, поет, преведувач, публицист, критичар, полемичар, автор на научни трудови и рецензии. Од творештвото може да се проследи неговиот интерес кон општествено-политичката и научната мисла, неговите интимни чувства, но и личниот став спрема одредени општествени движења. Стихотворбите на Китанчев може да се поделат на четири групи: интимни, за Македонија, општествено-патриотски и социјалистички. Особено се издвојуваат стихотворбите „Дедо Неделко“, „Кралот Марко“ и „Кон Македонецот“, кои се исклучиво патриотски песни, посветени на ослободувањето на Македонија.. Вистински научен потфат претставува неговата статијата „За акцентирањето на зборовите во ресенскиот говор од западномакедонското наречје“. Со ова студија, Китанчев е прв којшто ги открил и врз научна основа ги дефинирал закономерностите при акцентирањето на зборовите во западно македонските говори. Значајно место во творечката активност зазема и неговата преведувачка дејност.
1898 Димитар Талев Прилеп, Битолски Санџак, бугарски писател од Македонија. По доаѓањето на комунистите на власт во Македонија, тој е затворен под обвинение дека ширел великобугарски шовинизам. Ослободен во 1948 година тој продолжува да живее и работи во Бугарија. Умира на 20 октомври 1966 год. во Софија. Признаен е за еден од класичните бугарски автори од 20 век, а во 2009 година неговиот роман „Железниот свеќник“ е избран на 4 место од 12 наjсакани книги од бугарските читачи. Димитар Талев беше славен од УНЕСКО во 1998 за придонес кон светската култура.
1940 Во Битола е родена поетесата Гордана Бошнакоска. Член била на ДПМ, на Македонскиот ПЕН-центар и на Словенската литературна и уметничка академија. Била уредник во Македонската телевизија. Автор е на книгите: „Времето го нема“ (поезија, 1965), „Писма“ (поезија), 1974), „Влегување во Делта“ (поезија, 1981), „Босфорско лето“ (раскази, 1984), „Нордиски љубовници“ (поезија, 1993), „Њујорксон“ (поезија, 1993), „Планини од картонски кутии“ (поезија, 1997) и други. Добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата.
1948 Во Битола е роден Љубомир Цуцуловски, македонски филозоф, писател, есеист и теоретичар. Професор на Филозофскиот факултет – Скопје и е автор на повеќе книги и стручни публикации, меѓу кои „Сведоштва и коментари“, „Политички сказни“, „Марксовата антрополошка критика на капиталот“, „Некои контроверзи околу Маркс“, „Роман во една ноќ“.
Починале:
1918 Во Мурманск, Русија, во воз е убиен Гаврил Константинович, македонски лекар, револуционер и општественик, истакант деец и еден од основачите на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург, учесник во Октомвриската социјалистичка револуција во Русија. Роден е во селото Смрдеш, Костурско, на 4 мај 1878 година.
1944 загинап Славко Лумбарковски, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Во 1942 е уапсен во Битола, физички измачуван и одведен во интернација во градот Ксанти, Тракија. По враќањето од интернација во 1943 замина во единиците на НОВ и ПОМ. Загина при нападот на Кичево како заменик на политичкиот комесар на Првата македонска народноослободителна бригада.
1967 Во Белград умре Емануел (Мане) Чучков, македонски општественик, професор и потпретседател на Президиумот на АСНОМ. Роден е во Ново Село, Штипско, на 27 ноември 1901 година.
Празници:
Прв училиштен ден.

Ден 18 април 2025

00:01:17