ТРПЕЈЦА
Селото Tрпејца е сместено во подножјето на планината Галичица, во една природна вдлабнатина меѓу карпите на источниот брег од Охридското Езеро, на надморска височина од 695 – 750 метри. Под името „Трпезица“ селото се споменува во пишани историски документи од 1582 година. Научните истражувања потврдуваат дека името потекнува од зборот „тр(а)пеза“, кое треба да се сфати метафорично во смисла „место рамно како трпеза“, бидејќи самото село се наоѓа во зарамнет дел на полуостровче кое личи на трпеза. Некои од селаните денес името на селото го поврзуваат и со личното име Трпе/Трпејца од Трпевица. Поради својата привлечност, изворедната поволна положба и природни убавини, од втората половина на ХХ век во Трпејца во се поголем развој и подем е туризмот, а особено летниот езерски туризам. Поради својата привлечност за туристите и природните убавини на околината во јавноста е познато и под името Македонското Сен Тропе. Во Трпејца постојат повеќе сместувачки и угостителски туристички објекти меѓу кои попознати се: рибниот ресторан „Рибар“, „Де Ниро“ – соби и апартмани, Вилата „Бубе“ на самиот брег на езерото, автокампинг и вила „Герос“, но и многу други. Културни и природни знаменитости во Tрпејца Цркви – „Св. Никола“ — главна селска црква, каде се наоѓаат и селските гробишта; „Св. Богородица Заумска“ — средновековна манастирска црква; и „Вознесение Христово“ — нова црква во Трпејчкото Поле, во подножјето на Галичица. Манастири – Заумски манастир — средновековен манастир, сместен во атарот на селото Пештери – Наумова Пештера и Црна Пештера — пештери во близина на селото. Редовни настани – „На зајдисонце“ (крај на јули) — културна манифестација која опфаќа разни настани како: изложби, поетски читања, драмски изведби, музички настапи, промоции на книги, спортски натпревари; Спасовден (селска слава) — се прославува од целото село во црквата Свети Спас под месноста Корито на Галичица, каде некогаш селаните имале сточарски станови; и Во црквата Св. Богородица на Заум секоја година на 4 јули, ден по летниот празник на Свети Наум Охридски, покрај богослужбата се одржува народен собор и прослава со кум од селото Трпејца при што се дели посен ручек. Во селото постои кајак-клубот „Рибар“.
