домаАВАНТУРИЗАМАванТуризам - Свети Пантелејмон, Кочани

АванТуризам – Свети Пантелејмон, Кочани

Свети Пантелемон, Кочанско е главна црква на Пантелејскиот манастир во кочанското село Пантелеј, претставник на Македонската преродба. Црквата е изградена во 1885 г. под водство на игуменот Мартиниј. Автор на црквата и нејзиниот иконостас е големиот градител и зограф Андон Китанов. Градбата претставува трикорабна базилика со три куполи. Живописана е од прочуениот зограф Димитар Андонов Папрадишки во периодот од 1888 до 1892 г. Негови се и иконите на иконостасот. Во црквата заедно со Папрадишки работел Петар Николов од Ораовец. Во 1988 г. на барање на митрополитот Стефан Брегалнички заводот за заштита на спомениците извршил подробна реставрација на покривната конструкција, кубињата и фреските. Останало верувањето ако Свети Пантелејмон, 9 август, се преспие во истоимениот манастир во селото Пантелеј, на момите и ергените ќе им се посреќи истата година да го сретнат својот животен сопатник. Преданијата за ова свето парче земја на само дванаесеттина километри северозападно од Кочани, говорат и за богатството на природни извори на вода „со лековити својства и исцелителни моќи„ што привлекуваат стотици верници и гости, не само на денот на манастирот. Мештаните за лековити природни извори ги сметаат водата од самиот манастир Свети Пантелејмон, чиј извор е веднаш зад олтарот, потоа од „Трештена вода” во месноста Трештеник која извира од карпа и оној непосредно под манастирот за кој се вели дека е единствен таков во Македонија. Се нарекува „црна вода”, бидејќи истекува од длабнатина од свет црн бор и има мирис и вкус на кока-кола.

.

Ден 18 април 2025

00:01:17