домаАВАНТУРИЗАМАВАНТУРИЗАМ - СВЕТИ НИКОЛЕ

АВАНТУРИЗАМ – СВЕТИ НИКОЛЕ

Свети Николе се наоѓа во средишниот дел на областа Овче Поле и лежи на 305 метри надморска височина. Постои легенда поврзана за ова место: во Свети Николе постоеле околу 40 цркви. За време на османлиското владеење, сите цркви биле уништени, единствената која останала била црквата „Св. Никола“ затоа и името на овој град е Свети Николе. Најстари жители на овие краишта биле Пајонците, кои го населувале просторот меѓу реките Аксиј (Вардар) и Стримон (Струма).Седиштето на пајонските кралеви, Билазора се наоѓа во Овче Поле, во месноста Градиште (во Кнежје). До седумдесеттите години на 19 век, кога патот за Солун минувал преку Свети Николе, тоа било едно од значајните економски места. Пуштањето во сообраќај на вардарската железница во 1873 година неповолно се одразило на Свети Николе. Културните активности се реализираат преку две општински институции: Дом на култура „Крсте Мисирков“и Народен музеј, фолклорниот ансамбл „Јанко Глигоров“ и фолк групата Слатка Тајна. Меѓународниот фестивал на изворен фолклор Тодорица се одржува секоја година, поврзан е со верскиот празник „Тодорова сабота“, а месното население на Свети Николе го слави како народен собор „Тодорица“, трае три дена.

Ден 18 април 2025

00:01:17