Манастир Св. Георгиј, Криви Дол, Скопје претставува главната манастирска црква на Криводолскиот манастир. Се наоѓа во месноста Криви Дол во Скопје, веднаш позади калето. Позната е по тоа што таму пеењето е во стилот на источноевропската традиција, односно византиско пеење. Во минатото тоа место било доста посетувано од старите скопјани, особено како излетници за време на патрониот празник на црквата, Ѓурѓовден. Сегашната црква е градена после скопскиот земјотрес. Оваа црква има богат мозаик од фрески, со богат и мошне убав иконостас кој порано бил своина на сега веќе непостоечката скопска црква „Св. Константин и Елена”. Во внатрешноста на црквата, веднаш лево од влезот постои извор соѕидан во чешма, од кој многу луѓе полнат вода, за која се верува дека е лековита. Во рамките на овој манастирски комплекс, се наоѓа резиденцијата на поглаварот на МПЦ, архиепископот охридски и македонски Господин Господин Стефан.
Свети Илија, црква во скопското село Мирковци, Општина Чучер-Сандево, храм на Чардачкиот манастир. До оваа црква е сместена и црквата „Св. Богородица”. Црквата е изградена е во 1879 г. од монахот Софрониј, родум од Мирковци, на својот личен имот и ја ставил под јурисдикција на Бугарската егзархија на која ѝ служел. Намерно ја нарекол „Св. Ѓорѓи” со цел да ги одвлече посетителите на истоимената манастирска црква во Бањане, која била под раководство на српската (патријаршиска) струја. Почнувајќи од 1905 г. српската струја почнала да навлегува во службата и управата и на мирковската црква, што предизвикало бурни реакции. Така, борбата помеѓу двете пропаганди продолжила ожесточено до самиот крај на отоманската држава. Некаде на почетокот на дваесеттиот век еден муслиман често доаѓал во манастирот во скопско Мирковци и земал од водата која извира во самата црква за која верувал дека е лековита. Водата и ја давал на својата болна сопруга. Сопружниците верувале дека ќе се случи чудо, дека жената ќе оздрави. Еден ден клисарот кој во тоа време служел во манастирскиот комплекс, во чиј склоп се наоѓа и црквата, во себе си промрморил дека нема да му дава лековита вода на човекот од туѓа вера. Па така, наместо од изворот во црквата му ја полнел стомната од Бањанска река која тече во близина на манастирот. По извесно време муслиманот пресреќен дошол во црквата, а со себе носел голем број подароци. Неговата сопруга оздравела. А тој верувал дека тоа се должи на лековитата вода од црквата. Не знаел дека понекогаш добивал и вода од Бањанска река. И ден денес луѓето доаѓаат во црквата за да земат вода за која веруваат дека е лековита. Изворот е црквата што се наоѓа до „Св. Илија”, а која е исто така дел од манастирскиот комплекс, и е наречена Балаклија по празникот кога Богородица му ги мие раните на Исус. Мештаните веруваат дека старата мала црквичка „Балаклија”, која е на неколку чекори од старата црква „Св. Илија”, и блиску до конакот, е најстарата црква во овој дел од Скопје, чии темели биле поставени во 11 век. За овој манастирски комплекс, кој им е многу добро познат на скопјани, и кој е претесен за да ги собере сите оние кои доаѓаат на 2 Август- Илинден. И пред да биде изграден, луѓето се собирале тука на 2 Август- Илинден. Дворот, убаво среден, со цвеќиња, фонтаната околу која се собираат галеби, клупи, корпи за отпадоци. Зелената трева, просто мами да седнете и да уживате во празничната глетка. Ресторанот „Чардак” секоја година им помага на црковните лица од манастирот да ги пречекаат верниците со гравче, кое денеска се послужува во сите храмови кои го празнуваат својот патрон свети Илија.
