домаАВАНТУРИЗАМАванТуризам - Свети Архангел Михаил и Свети Гаврил Лесновски (ПРОБИШТИПСКО)

АванТуризам – Свети Архангел Михаил и Свети Гаврил Лесновски (ПРОБИШТИПСКО)

Свети Архангел Михаил, Свети Гаврил Лесновски, е соборен храм во манастирот „Свети Гаврил Лесновски” во Лесново, Пробиштипско. Главната црква е посветена на Светите Архангели Михаил и Гаврил. Според најстарото житие на свети Гаврил Лесновски, напишано од Станислав Граматик во 1330 година, овој храм и манастирот потекнуваат од 11 век, основан од Свети Гаврил Лесновски, посветен на Свети Архангел Михаил. Возобновен е во 1341 година од Деспот Јован Оливер. Фрескоживописот е завршен во 1347 година најверојатно од четворица зографи. Иконостасот е во длабока резба од 1811-1814, прво дело на тајфата на Петре Филиповски – Гарката. Според едно од житијата во средината на XI век во с. Лесново живееле четворицата големи испосници, светители — Јован Рилски, Прохор Пчински, Јоаким Осоговски и Гаврил Лесновски. Откако оствариле духовна зрелост заминале на различни страни и изградиле манастири, при што Гаврил Лесновски останал и го основал Лесновскиот манастир. Досега славистиката идентификува значителен број ракописи од овој манастир, од кои позначајни се: Прологот од 1330 година, Минејот од 1342 година, Паранејсот од 1353 година итн. Голем е и бројот на книжевниците што во манастирот ја вршеле својата книжевна дејност. Книжевното училиште во манастирот се нарекувало Скрипториум. Постоело уште од половината на XI век , но имало и калиграфско (препишувачко) училиште формирано во XIII век. Сè до 40-тите години од XIX век во манастирот се наоѓала и најголемата библиотека на Балканот, со огромен фонд на книги и ракописи собирани од најстарите времиња и најдалечни краеви, но и создавани тука на автохтоното македонско подрачје. Во дворот на манастирот се наоѓаат два параклиса. црквата „Св. Наум Охридски” – Лесново, сместена во манастирските конаци; и црквата „Св. Јован Крстител”, сместена во обновениот источен конак. Црквата „Св. Јован Крстител” била осветена на 9 октомври 2016 година. Во непосредна близина на манастирскиот комплекс се сместени три пештерни цркви: црквата „Успение на Пресвета Богородица”, црквата „Свето Преображение” и црквата „Св. Илија”. Во рамки на манастирскиот имот како метоси влегуваат Зеленградскиот манастир посветен на Свети Спиридон, кој се наоѓа во близина на селото Зеленград; како и Злетовскиот манастир посветен на Богородица Марија, кој се наоѓа во близина на селото Злетово.

Ден 18 април 2025

00:01:17