домаАВАНТУРИЗАМАВАНТУРИЗАМ - СТРУГА

АВАНТУРИЗАМ – СТРУГА

Струга – град во југозападниот дел на Република Македонија и административен центар на истоимената општина. Градот Струга лежи во рамнината на Струшкото Поле на двата брега на реката Црн Дрим и на северниот брег на Охридското Езеро. Античкото име на градот е Енхалон кој на старогрчки значи јагула и во тоа време градот бил мала населба. Името на Струга произлегува од чист и карактеристичен словенски збор. Според првото народно толкување, името Струга доаѓа од отворената географска положба на градот: место каде што постојано струже (дува) ветер. Второто е сосем поинакво: Одамна некогаш во Струшко се занимавале со сточарство и во точно определено време ги дотерувале многубројните овци на стриг (стрижење волна) во близина на истекот (Устата) на Црн Дрим. Меѓутоа, тоа може многу пологично да се поврзе со преминот низ ограда за молзење овци, наречен струга (страга, стронга). Можеби е најблиску до вистината објаснувањето дека Струга значи речен ракав, притока (во случајов истек на Црн Дрим) и тоа на место со уреди за риболов. Поради различната етничка структура на градот во Струга најзначајни и најраспространети се двете конфесии: православието и исламот. Во Струга постојат 6 цркви и тоа: „Св. Ѓорѓи“, „Св. Никола Дримени“, „Св. Жени Мироносици“, „Св. Петка“, „Св. Петка“, „Св. Димитриј“. Од исламската култура посебно се издвојува: Хелвети теќе и Амамот „Мустафа Челеби“. Историјата на Струга, започнува со неолитот со артефактите на археолошки наоѓалишта „Устата на реката Црн Дрим” и „Црковни ливаѓе” во село Враништа. За културната историја на Струга и околината од посебно значење се ранохристијански базилики во селата Октиси и Радолишта. Тука е и Природонаучен музеј „Д-р Никола Незлобински“ 1928 год. со оддели- ботанички со 9.381 примерок и Историско – археолошки оддел со 2.576 примероци. Спомен домот на Браќата Миладиновци е подигнат во знак на благодарност за се она што направиле за македонската национална преродба. Галеријата „Вангел Коџоман“е составена од слики кои се дел од легатот на уметникот на градот Струга, поставка отворена 1974. Центарот за култура „Браќа Миладиновци” е центар на повеќе случувања: концерти на класична музика, ликовни изложби, театарски претстави, јавни трибини. Ревија на народни носии е туристичка манифестација со традиционален карактер и се одржува во првата половина на август. Во втората половина на септември во склоп на црквата „Свети Ѓорѓија” се одржува „Струшка музичка есен”. Kenge Yehoo се одржува кон крајот на јули или во почетокот на август, учествуваат културно уметнички друштва од Македонија, Албанија, Косово и од други земји од Европа и САД кои негуваат стилизирани народни песни и ора. Струшките вечери на поезијата е најголемата светска поетска манифестација основно обележје на Струга како туристички центар и на неа присуствуваат најмалку 200 светски познати поети. На фестивалот се доделуваат признание за целокупна поетска дејност, „Златен венец“, и наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на македонски јазик.

Ден 18 април 2025

00:01:17