домаАВАНТУРИЗАМАВАНТУРИЗАМ - СПЕЛЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА

АВАНТУРИЗАМ – СПЕЛЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА

Почетоците на спелеолошките истражувања датираат меѓу двете светски војни, со доаѓањето во Македонија и истражувачката дејност што ја започнуваат: Петар С. Јовановиќ, Станко Л. Караман и Војислав С. Радовановиќ. Во овој поглед, до II Светска војна се истражени 14 пештери и 6 пропасти. Првиот претседател на Македонското спелеолошко друштво, се д-р Зора Караман и доајенот на македонската спелеологија, д-р Душан Манаковиќ. По Втората светска војна, спелеолошката секција при Географското друштво на НРМ (1955 год.) започнува организирана спелеолошка активност. Тоа особено доаѓа до израз со формирањето на Спелеолошкото друштво на Македонија (6 април 1958 год.), во чија работа се вклучуваат повеќе перспективни научни кадри кои успешно ги продолжуваат овие истражувања. Во тој поглед најголем придонес имаат: Душан Манаковиќ, Ристо Гаревски и Трајан Петковски. Во подоцнежниот период на спелеолошките истражувања активно се посветуваат: Станко Станкоски, Томе Андоновски и Драган Колчаковски. Во Македонија се истражени 346 пештери и 12 јами и понори. Инаку, се претпоставува дека има над 500 пештери, распространети на територијата на 36 општини. Во околината на Скопје има околу 20-тина објекти во атарот на ЈАСЕН, меѓу кои и пештерата Врело (160м) на Матка која е туристички уредена. По својата должина и богатството со пештерски украси се истакнуваат: Дона Дука (650 м) кај с. Рашче, потопената со езерото Матка, Коритиште (450 м), Убава (138 м), Крштална (121/-34 м) на Матка, Шпела Бозгуни (80 м), Патишка Река и др. Од пропастите во оваа област позначајни се: Титов пропаст (-96 м), Срт (-38 м), Ситоица (-18 м).За овие пропасти, според својата длабочина и тежина на освојување,се подразбира добро совладана спелеолошка техника за нивно освојување. Планината Јакупица, каде преовладуваат пештерите е карактеристична по пропастите. Тука се наоѓаат најдлабоките пропасти во Република Македонија и тоа Солунска 5 (-546 м) најдлабока пропаст, на чие дно се наоѓа постојан мраз, потоа Ледник (-150 м), Јакупица 3 (-80 м), Јакупица 4 (-115 м) и многу други. Спелеолошкиот туризам е развиен во многу земји, кај нас е се уште нешто ново.

Ден 18 април 2025

00:01:17