домаАВАНТУРИЗАМАВАНТУРИЗАМ - СЛАТИНСКИ ИЗВОР-НАЈГОЛЕМАТА ПЕШТЕРА ВО МАКЕДОНИЈА

АВАНТУРИЗАМ – СЛАТИНСКИ ИЗВОР-НАЈГОЛЕМАТА ПЕШТЕРА ВО МАКЕДОНИЈА

Слатински Извор е најголемата пештера во Македонија, во околината на с. Слатина во областа Порече, на левата долинска страна на Слатинска Река, во непосредна близина на нејзината утока во реката Треска. Во 2011 г. пештерата со закон е прогласена за споменик на природата. Создадена е во доломитски мермери со проблематична старост. Пештерата е сочинета од еден долг канал од кој во неколку правци се разгрануваат подолги и покуси канали. Досегашната вкупна и истражена должина на пештерата изнесува 800 метри, од кои 705 метри припаѓаат на главниот пештерски канал.Но иако истражената должина на пештерата изнесува 800 м, познато е дека е долга повеќе од 4 км. На одделни места од главниот канал преовладуваат пештерски столбови и сталактити, а во најголемата пештерска сала создадени се и поголеми сталагмити. Во пештерата протекува понорница во должина од 557 м, а исто така во неа се создадени и помали травертински езерца во кои е утврдена присутност на пештерски ракчиња, како и огромно зелено пештерско езеро. Според должината, разновидната внатрешност и местоположбата, пештерата Слатински Извор има извонредни можности за туристичка намена. Според условите во кои се формирани, украсите во пештерата Слатински Извор припаѓаат на три групи: украси формирани од вода што тече и вода прокапница, украси формирани од капиларна вода и басенски депозити.

Ден 18 април 2025

00:01:17