домаАВАНТУРИЗАМАВАНТУРИЗАМ - ШИШЕВСКА КЛИСУРА/КАЊОН МАТКА

АВАНТУРИЗАМ – ШИШЕВСКА КЛИСУРА/КАЊОН МАТКА

Шишевска Клисура или Голема Клисура — клисура во Република Македонија, која се протега од с. Девич до с. Шишево во долината на реката Треска во должина од 66,2 км. По должина е втора клисура во Република Македонија.Клисурата е предиспонирана со раседни линии и всечена е помеѓу планините: Добра Вода, Сува Гора и Осој од левата и Даутица, Караџица, Сува Планина и Водно од десната долинска страна. На потегот помеѓу Лукоечко Речиште и манастирот Св. Богородица во должина од 15 м е вистински кањон, а неговите страни се стрмни и високи преку 1.100 м.

Камник ― кањон на малата Кошевска Река, притока на поголемата Радањска Река, сместен во атарот на раселеното село Мал Габер, во југозападниот дел на Општина Карбинци, Македонија. За многумина кањонот Камник со својата убавина претставува Колорадо во мало. Овој мал кањон се наоѓа на Кошевска Река, притока на Радањска Река, во северозападниот дел на планината Плачковица. Кањонот е оддалечен 9 километри источно од градот Штип и 5 километри југоисточно од селото Радање. Најлесно се пристапува до самиот кањон преку селото Радање, каде завршува асфалтниот пат. Од сретселото кај Мехмед-агината џамија во Радање се продолжува по земјен пат долж долината на Радањска Река во должина од 5 километри. Кај поставената информативна табла се продолжува право, а при првата кривина на земјениот пат се врти лево и оттука всушност се навлегува во долината на малата Кошевска Река. Низ самиот кањон има две патеки: потешка, покрај самиот водотек, и полесна на 30-40 метри над дното. Кањончето има должина од околу 1,5 километри и длабочина од само 10 до 50 метри. Тоа е всечено по должината на типичната раседна линија меѓу доста распаднати и еродирани гнајсеви и цврсти амфиболити. Вниманието го привлекува по трагите од речната ерозија и начинот на всекување. Кањонот започнува на околу 300 метри спротиводно од вливот на Кошевска во Радањска Река. Без оглед на малите димензии, минувањето низ кањончето, посебно преку тесните и вертикални карпи, претставува вистинско адреналинско доживување. Кошевска Река овде создала неколку помали, но привлечни водопади високи до 5 метри, со џиновски лонци во вид на базени. Без оглед што најчесто изгледа како мало поточе, водостојот може да биде доста променлив, а за време и после врнежи, слабиот поток станува силен и бучен пороен водотек.