Радовиш – град во југоисточниот дел од Република Македонија. Градот е втор по големина во југоисточниот регион, сместен во подножјето на планината Плачковица и северниот дел на Струмичко-радовишката Котлина. На територијата на општина Радовиш уште од праисторијата се наоѓаат траги на материјалната култура. Посебно се интересни наодите од епохата на неолитот, бакарното време, халштатот и бронзата. Во времето на Филип II Македонски и Александар Македонски територијата на радовишко ја населувале Пајонците. Се смета дека тука биле населени пајонските племиња Добери и Астраи, по чии имиња настанале и центрите Добер и Астраион. Од областа на угостителството работат хотелите „Бел Камен“, „Панорама“ и „Бахамас“; рестораните „Шампион“, „Амбасадор“, „Магмар“; пицериите „Џокер“, „Мериџејн“, „Санта Марија“, „Гетсби“, „Беверли Хилс“; ноќните клубови „Full House“ и „Diamond“; кафе баровите „Ti-amo“, „Escape“, „Target“, „Virus“ и др. Во Радовиш работат две институции од областа на културата: Центар за култура „Ацо Караманов“ – Радовиш и „Етнолошки музеј“ каде што се наоѓа вредна „Етнолошка збирка“ од Радовишкиот крај. Во текот на годината се одржуваат: „Радовишкото културно лето“, Детскиот фолклорен фестивал „Оро весело“, „Карамановите поетски средби“, Манифестацијата „Самун ем Татлија“ и др. Како културно-историски вредности коишто ги поседува Радовиш се Црквата „Св. Троица“, Параклисот Св. Спасо Радовишки, „Црква Св. Илија“, „Туљбето“ и „Крстот над Радовиш“.
