домаАВАНТУРИЗАМАВАНТУРИЗАМ - ПРОБИШТИП

АВАНТУРИЗАМ – ПРОБИШТИП

Пробиштип град во источниот дел на Република Македонија, административно средиште на истоимената општина. Познат е како рударски град, бидејќи во неговата близина се наоѓа рудникот за олово и цинк „Злетово“. Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 10.816 жители и спаѓа во групата на средни градови. Во домот на култура „Злетовски рудар“ постои збирка на минерали од рудникот, како и стари предмети кои биле користени во дамнешното минато за работа во рудникот. Исто така поставена е и етнолошка збирка каде можат да се видат разни носии карактеристични за овој дел од Македонија и стари предмети користени во секојдневниот живот на луѓето од овој крај. Лесновскиот манастир (XIV век), сместен во Лесновскиот кратер, во себе чува иконостас од XVIII век со непроценлива вредност и убавина. Во градот традиционално се одржува „Зелникот на баба“ манифестација за традиционална храна.

Ден 18 април 2025

00:01:17