домаАВАНТУРИЗАМАВАНТУРИЗАМ - ПЕХЧЕВСКИ ВОДОПАДИ

АВАНТУРИЗАМ – ПЕХЧЕВСКИ ВОДОПАДИ

Пехчевски Водопади – водопади сместени на Малешевските Планини, кај изворите на реката Брегалница, во близина на градот Пехчево. Во пределот има девет водопади, од кои всушност само два се на Брегалница, додека останатите се на Црн Дол, Љутачка Река (Ж’тачка Река) и Спиковски Андак. Највисокиот водопад е со висина од 14 м. Спиковски Водопади се наоѓаат по течението на Равна Река, поточно нејзината мала притока позната како Спиковски Андак, на околу 6 км од Пехчево во правец кон границата со Бугарија. Во оваа месност се сместени два водопади. Првиот се наоѓа на околу 200 м од патот и е висок околу 2 м, додека вториот се наоѓа на околу 300 м по првиот и неговата висина е околу 7 м. Патот до водопадите започнува со дрвена врата, а потоа е обележан и содржи неколку дрвени мовчиња. Во близина на водопадите, покрај почетокот од патот, е сместена ќумурџилница. Над водопадите е сместено археолошкото наоѓалиште Градиште. Според една легенда, Пехчево долги години бил под опсада на Османлиите кои не можеле да го освојат. На местото каде што се наоѓаат водопадите порано имало успусни канали, преку кои Османлиите влегле во тврдината и со тоа успеале да го освојат градот. Љутачките Водопади се сместени на истоимената река, позната и како Ж’тачка Река, во месноста позната како Валевичка Река, на неколку километри од Спиковските Водопади кон границата со Бугарија. Во овој предел има два водопади коишто се наоѓаат на надморска височина од 1.400 м. Едниот водопад е со висина од околу 10 м и до него може да стигне само со теренско возило. Скокото се наоѓа во истоимениот шумски парк, непосредно по вливот на Љутачка Река во Брегалница. Од градот Пехчево е оддалечен околу 8-9 километри во воздушна линија. Водопадот припаѓа на реката Брегалница, нарекувана и како Валавничка Река. Водопадот се наоѓа по непосредното создавање на Брегалница, после спојувањето на Љутачка и Ж’тачка Река (Крива Река). Црнодолскиот Водопад се наоѓа на истоимената река. Водопадот е висок 5 м. Во близина на водопадите се наоѓа туристичката населба Равна Река, во којашто има сместувачки капацитети и спортско-рекреативни терени. Во април 2016 година, во населбата е отворен и рибник. Од Пехчево до вливот на Црн Дол во Брегалница води асфалтен пат, а оттука до самиот водопад постои уредена пешачка патека со уредени места за одмор. Црндолскиот Водопад е слабо познат вон месни рамки. Заради добрата пристапност и уреденоста, жителите од околните населени места го користат за излети.

Ден 18 април 2025

00:01:17