домаАВАНТУРИЗАМАВАНТУРИЗАМ - ПЕХЧЕВО

АВАНТУРИЗАМ – ПЕХЧЕВО

Пехчево мал град во областа Малешевија и административно седиште на Општина Пехчево. Познато е по зимскиот туризам. Според преданијата, се вели дека Пехчево го добил името по некои печки кои биле сместени под падините на планината Буковик. Овие печки биле поставени заради рудниците коишто се наоѓаат на падините на Буковик, а кои биле од потреба за обработка на рудата. Според тоа, Пехчево било нарекувано Печково. Но со текот на времето со доаѓањето на Отоманците, градот го променил името во Пехчево. Од областа на културата, организирани се разни манифестации меѓу кои: Распеано Малешевче – Фестивал на детски песни и ора, Кинопроекции, Народни ора – КУД „Јане Сандански“. За спорт и рекреација е изградена спортска сала „Јане Сандански“каде што младите го поминуваат своето слободно време. Во чест на празникот Павловден, општина Пехчево традиционално продолжува да го организира Фестивалот на дувачки оркестри. Во непосредна близина на првите Пехчевски водопади во идиличен амбиент е распослана туристичката населба Равна река. Спојот на традиционалното и модерното најповеќе се огледа во двата мотела кои располагаат со сопствени рибници и кои нудат сместувачки капацитети и вкусни специјалитети приготвени според ,,бабините,, рецепти. Овде е и излетничкото место ,,Бараки,, кое нуди простор за одмор и рекреација, дрвени летниковци и друга инфраструктура и опрема. Овој локалитет располага и со приватни вили за сместување, спортско игралиште за фудбал и кошарка, базен во рамките на мотелот Идила, место за пикник (летниковци), патеки за велосипеди и пешачки патеки. На територијата на Малешевијата има маркирано пет пешачки патеки. Дел од пешачките патеки може да се искористат и за планински велосипедизам.

Ден 18 април 2025

00:01:17