домаАВАНТУРИЗАМАванТуризам - Папрадиште

АванТуризам – Папрадиште

ПАПРАДИШТЕ
Селото се наоѓа во областа Азот, југозападно од градот Велес. Ова познато село лежи на надморска височина од 950 до 1000 метри на стрмна падина на планината Мокра во близина на пределот помеѓу Даутица и Јакупица кој во суштина го претставува долот на Чеплеска Река. Падината е свртена кон исток, а на нејзиното подножје се наоѓа коритото на Бабуна. Папрадиште воглавно е село од збиен тип. Ова село важело како најнапредно во целиот велешки крај, а такви биле и неговите луѓе од кои се дел големите македонски напредни великани, дејци, уметници како горе споменатите Димитрија Чуповски, Наце Димов, Андреја Дамјанов, Димитрија Андонов – Папрадишки, Ѓорѓи Зографски. Во горниот дел на Папрадиште се наоѓа црквата „Свети Петар и Павле“ изградена пред околу 120 години на местото на некоја постара црквичка која останала од раселеното Ѕвезданово (старо Папрадиште). Денешната црква е една од најголемите и најубавите цркви во нашата земја. Планот за изградба на црквата го сочинил Андон Стаменков од селото. На денот на црковната слава е селскиот собор. Тогаш во ова село доаѓаат голем број на гости. Порано, на Петровден се одржувале и селските свадби. Кон средината на шеесеттите години на XX век Папрадиште имало 103 домаќинства. Иако е раселено, Папрадиште и денес е едно од најуредените и најнапредните села во Азот. Името го има добиено поради изобилството на папрат во селото и во околината. Тука се наоѓаат и планинарскиот дом „Папрадиште“ сместен на надморска височина од 980 метри и планинарскиот дом „Чеплез“ кој се наоѓа на 1435 метри надморска височина во месноста Чеплес на планината Даутица, на планинскиот масив Јакупица. Папрадиште е прекрасно преку целата година. Тука човек за само неколку денови ја надополнува енергијата што ја троши во град и на работа.

Ден 18 април 2025

00:01:17