домаАВАНТУРИЗАМАВАНТУРИЗАМ - НАЦИОНАЛЕН ПАРК МАВРОВО

АВАНТУРИЗАМ – НАЦИОНАЛЕН ПАРК МАВРОВО

Национален Парк Маврово е лоциран во западна Македонија и зазема простор од 73.088 хектари, прогласен е во 1949 година. Во границите на паркот се опфатени планините: Кораб, Дешат, југозападните ограноци на Шар Планина, поголем дел од Бистра и северните делови на Крчин. Во склопот на националниот парк е и Мавровското вештачко езеро. Маврово има 30 живописни пештери, меѓу кои и пештерата Шаркова дупка во близина на Ростуше. Локув е најниското глацијално езеро во Македонија. Живописниот кањон на прекрасната река Радика, му дава посебна убавина на паркот. Многуте клисури, стрмни отсеци, карпи со различен облик и водопади го творат разноликиот и специфичен релјеф. Во границите на националниот парк Маврово се наоѓаат преку 52 планински врвови со надморска висина над 2000м а најниската точка е на 600 мнв. е на место каде што Мала Река се влева во реката Радика. Заштитен знак на регионот е потопената црква „Св. Никола“ во Мавровско Езеро. Тука се и Манастирскиот комплекс Св. Јован Бигорски, познат по својот иконостас, Мост Елен Скок изграден на Мала Река и водопад Дуф во близина на с. Ростуше. Галичката свадба се одржува секоја година на Петровден–12 јули, културна манифестација богата со многу оригинални, единствени и неповторливи свадбарски обичаи и ритуали. Во рамките на паркот има Информативен Туристички Центар. Истиот располага со податоци за туристичките капацитети во регионот. Издаваат и разни видови на дозволи потребни за одредени активности на територијата на паркот. Зимата во Маврово е волшебна. Тогаш може да го посетите снежниот град Бунец и да се упатите кон скијачките терени.

Ден 18 април 2025

00:01:17