домаАВАНТУРИЗАМАванТуризам - Мостови: Бучин, Нина, Поезија и Црн мост

АванТуризам – Мостови: Бучин, Нина, Поезија и Црн мост

Стар мост (Бучин) камен лачен мост кој ја премостува Црна Река во непосредна близина на селото Бучин. Мостот е оставен да пропаѓа на забот на времето, иако е прогласен за културно наследство на Македонија. Во римско време на реката Црна е изграден овој мост. Се претпоставува дека тука некојпат поминувал Вија Егнација. Денес, веднаш до Стариот мост се наоѓа новоизграден современ мост. Мостот е лачен и изграден од камен.

Дрвен мост, познат и како Мост на Нина ― мост над Црн Дрим, во Струга. Градежните работи на мостот започнале во 1987 година и биле завршени за само една година. Изградбата била со финансиска помош на тогашната централна власт, а мостот бил граден од стопанското друштво Југодрво. Во 2011 година, стариот мост поради лошата состојба бил срушен и неколку години не бил изграден нов мост. На 29 ноември 2016 година, почнала изградбата на новиот мост. На 1 јануари 2017 година, бил свечено пуштен во употреба новиот мост, во присуство на градоначалникот и дарителот Менди Ќура.

Мост на поезијата — мост на реката Црн Дрим во Струга. Мостот е познат поради тоа што секоја година, на крајот од август на него се изведува завршната манифестација на еден од најпознатите светски фестивали „Струшки вечери на поезијата“. На овој мост, таа вечер поетите од целиот свет читаат поезија на сопствениот јазик. Во декември 2019 година започнале активности за обновување на мостот. Парите за обновување биле донација од Владата на Бугарија, поточно од Бугарската помош за развој.

Црн мост — мост на реката Драгор во Битола. Се наоѓа во горниот, западен дел на градот Битола, близу населбите Довлеџик, Девејани, Маџар Маало и Баир. Од Црн Мост низводно надолу започнува уреденото ѕиданот корито и кеј на реката Драгор низ Битола. Во неговата близина се наоѓа и затворот во Битола. Мостот е отворен за сообраќај на моторни возила и по него минува булеварот „1 Мај“. Од неодамна со градежни зафати е обновен и проширен. На 6 септември 1944 година, се случило бегството на политичките затвореници од Централниот областен фашистички затвор во Битола. Обласниот централен затвор бил отворен во јули 1942 година во близината на Црн Мост каде биле затворани политички затвореници од целата битолска околија.

Ден 18 април 2025

00:01:17