домаАВАНТУРИЗАМАванТуризам - Мариовско Кајмакчаланската вулканска област и Витолиште

АванТуризам – Мариовско Кајмакчаланската вулканска област и Витолиште

Мариовско-кајмакчаланска вулканска област се протега меѓу селото Витолиште на север и планината Ниџе со Кајмакчалан на југ. Вулканската активност била проследена со силна продукција на пирокластични материјали. Ова условува овој дел од теренот да е препокриен со: туфови, бречи и агломерати. Во одделни фази имало и продукција на поголема количина на лава, која денеска се манифестира со појава на вулкански карпи во определени локалитети како што се: Камила, Црна Тумба, Кравица и др.

Витолиште е едно од најстарите и најголемите села во Мариово. За присуството на луѓе и организиран живот на овој сведочат и повеќето археолошки наоѓалишта и наоди од праисториски и античко време, меѓу кои е и една камена плоча со римски натпис која стои веднаш крај сеслската чешма. Најстариот запис во кој се споменува селото Витолиште потекенува од втората половина на XV век односно од турските пописни дефтери од 1476/77. Во првата половина на XVI век Витолиште било село во кое се одгледувале најмногу свињи и пчелни кошници, а имало и 7 воденици и овоштарски расадници (хасса-поседи).
Редовни настани се Свети Атанасиј (зимен, 31 јануари) — патронен празник на црквата и селска слава и Мариовско-мегленски средби (се одржуваат во втората половина на мај – околу празникот Св. Кирил и Методиј) — во минатото постојано се одржувале во селото Витолиште каде покрај културно-забавната програма имало и научни собири, а од пред неколку години одржувањето кое опфаќа само културно-уметничка програма е преместено во блискиот Витолишки манастир „Св. Илија“ кај раселеното село Мелница а воедно и прославувањето на патрониот празник Илинден. Mariovo Off-Road Experience е малата велосипедска тура на фестивалот го посетува и застанува во селото кое се посетува и во рамки на планинското трчање.

Ден 18 април 2025

00:01:17