домаАВАНТУРИЗАМАванТуризам - Љубански манастир, Свети Никола

АванТуризам – Љубански манастир, Свети Никола

Свети Никола, с. Љубанци – Љубански манастир, споменик на културата на Македонија е сместен на падините на планината Скопска Црна Гора, веднаш над скопското село Љубанци, од каде води тесен асфалтиран пат.Народната традиција наведува дека црквата била обновена во 1847 година. Таа била подигната од истите мајстори и зографи, како и соборната црква „Св. Богородица“ во Скопје. Според месното прeдание, манастирот бил подигнат по видение во сон на селанецот Бојко Раев, кој станал и негов ктитор.Во текот на XIX и XX век, во манастирот доаѓало голем дел од населението за време на манастирскиот собор, кој се одржува и денес на 22 мај.Поради поволната клима, за време на Втората светска војна, манастирот служел како воздушна бања за болните од туберкулоза.Кон крајот на XX век, манастирот бил во лоша состојба, со полуразрушени конаци и пропадната црква.Од манастирскиот комплекс до денес се сочувани: манастирската црква, старите конаци и други помошни стопански објекти.Црквата поседува зачуван живопис. Познатиот мајстор Дичо Зограф во 1853 година ги изработил престолните икони за црквата. Тоа биле иконите: „Богородица со Христос“, „Исус Христос Седржител“, „Св. Јован Претеча“, „Св. Никола“ и „Св. Три Јерарси“. Околу храмот се наоѓаат два конака.Во 2015 година започнала конзервација и реставрација на конакот во манастирот.До 1960 година, манастирот функционирал како машки манастир, додека во 1998 година бил возобновен како женски манастир. Денес, во него живеат три монахињи.

Ден 18 април 2025

00:01:17