домаАВАНТУРИЗАМАВАНТУРИЗАМ - КРИВА ПАЛАНКА

АВАНТУРИЗАМ – КРИВА ПАЛАНКА

Крива Паланка – град во североисточниот дел на Република Македонија, сместен во областа Славиште, под падините на Осоговските Планини на двата брега на Крива Река. Во непосредна близина на градот се наоѓа граничниот премин Деве Баир кон Република Бугарија. Името на градот Крива Паланка доаѓа од така обликуваната долина на Крива Река. Поранешното име на градот било Егри Дере, што на турски јазик значи „крива река“.Градот е еден од помладите градови на територијата на Република Македонија. Градот бил формиран од Турците, поточно од Бајрам-паша и градот имал важност како воен и одбранбен центар. Турскиот патописец Евлија Челебија во своите белешки за Крива Паланка од 1661-1662 година меѓу другото запишал: „Одбранбениот објект-тврдината, во обем има 800 чекори. Има една порта која се отвора кон југоисток. Во неа има складишта за муниција, житни амбари, десет шахи-топови, 200 војници, градски заповедник (диздар). Градската капија и ѕидовите-бедеми биле многу високи. Во самата тврдина имало 50 куќи, една џамија и купола за воена музика. Надвор од неа имало подигнато град (паланка) со околу 800 куќи, една џамија, голем ан, како и караван-сарај и мал амам…За патниците кои минувале низ ова место храна имало во изобилство…Во касабата (гратчето) имало доволно дуќани, особено занаетчиски, во кои се изработувале метални предмети (клинци и сл.). Постоеле и мајстори-железари. Постоеле и работилници за железна руда…“ Православието е длабоко навлезено во животот и традицијата на паланчани, а за тоа сведочат големиот број на цркви и манастири што се наоѓаат во градот, но и во непосредната околина. Крива Паланка е пошироко позната по еден од најубавите манастирски комплекси – манастирот Свети Јоаким Осоговски. Во Крива Паланка секоја година се одржуваат повеќе културни настани меѓу кои најзначајни се: Ликовната колонија „Свети Јоаким Осоговски“, Летната школа за архитектура и фолклорниот фестивал „Свети Јоаким Осоговски“, музичкиот фестивал „Џојфест“, прославата за рударите од Крива Паланка и Пробиштип. Во Крива Паланка се одржуваат неколку спортски настани, меѓу кои најпознати се спортските настани за планинарење и искачување на околните врвови.

Ден 18 април 2025

00:01:17