домаАВАНТУРИЗАМАВАНТУРИЗАМ-КИЧЕВО

АВАНТУРИЗАМ-КИЧЕВО

Кичево – град во средишниот дел на Западна Македонија и административно седиште на истоимената општина. Градот лежи во Кичевската Котлина под југоисточните падини на планината Бистра. Како населено место првпат се споменува во една повелба на византискиот цар Василиј Втори од 1018 година со топонимот Кицавис. Во 1316 година во близината на градот Кицавис (Кичево) бил изграден манастирот „Св. Пречиста“ во кој некогаш престојувале и се школувале нашите први преродбеници Јоаким Крчовски и Кирил Пејчиновиќ. Кога дошле Турците во Кичевско кон крајот на 14 век по смртта на Крали Марко, Кичево како населено место се споменува во еден пишан документ од втората половина на 15 век. Според легендата името на Кичево го поврзува со тврдината над градот што ја изградил Волкашин за ќерка му Кита (сестра на Крали Марко). Подоцна под Китино Кале била основана населба која била наречена Кичево. Со ширењето на христијанството на овие простори се градат и првите цркви. Познато е постоењето на 3 цркви кои низ времето биле уривани. Во вековите под турска власт, Кичевската чаршија го добива денешниот изглед. Чаршијата добива повеќе убави чешми, градската џамија, саат-кула, теќиња (дервишко, бектешко). Куќите кои се градат тоа време, биле со дуќан долу и простор за живеење горе. Се градат нови и убави чорбаџиски куќи, анови, пекарници. Денес, најбројни во зоната на чаршијата се објектите градени меѓу двете светски војни , кои истовремено го означуваат периодот на градење на “нова” чаршија. Градот Кичево, како урбан центар, се наоѓа на надморска височина од 625-650 метри. Останатите населени места се наоѓаат на надморска височина од 600 до над 1000 метри. Во Кичево е доста развиена трговијата, а најпознати стопанско-индустриски објекти се поранешниот рудник за железо Тајмиште (сега има производство на здрава храна), рудникот за јаглен и термоелектрана Осломеј, фабриката Тане Цалески. Градот Кичево и Кичевско се познати и по најдобриот и највкусниот бурек на Балканот, а кичевчани се и најпознатите пекарници и фурнаџии во Белград. На само 3 километри од центарот на градот на падините на Бистра се наоѓа познатото излетничко место Крушино. Во центарот на градот се наоѓаат остатоците од средновековниот град Китино Кале. Исто така веднаш по Крушино на само 6 километри се наоѓа селото Кнежино и манастирот Св. Ѓорѓија. На околу 9 километри јужно од Кичево, се наоѓа манастирот „Св. Богородица Пречиста – Кичевска“, најголемиот духовен центар во Кичевско, како и еден од најпознатите христијански и воопшто верски храмови во Македонија. Сместен e планината Цоцан, на надморска височина од 920 метри. Според преданијата на местото на некогашниот древен храм, во близината на светата чешма, која и денес ја посетуваат оние кои веруваат во исцелителната моќ на нејзините води. Во 1968 година на Китино Кале изградена е спомен-костурница за околу 500 паднати борци во НОБ (1941-1945) од Кичево и Кичевско. Музеј „Западна Македонија во НОБ“ ја прикажува борбата на македонскиот народ за слобода во XIX и XX век, низ документи составени од автентични материјали, предмети, фотографии, скици, карти, знамиња, макети, текстови. Поголем дел од музејот им е отстапен на фреските, мозаиците и етнолошка збирка, која се состои од носии од Кичевијата од XIX век, предмети од покуќнина, народни ткаенини. Првата железничка пруга била изградена до Кичево за време на Првата светска војна од страна на германските војски. Нејзината примарна функција била достава на залихи за војските кои се бореле на Македонскиот фронт. Паметник за тоа време е вовчето „Ќирчо“ (познато и како Чајничето) кое денес стои кај железничката станица. Кичево е еден од првите градови во Македонија (по линијата Скопје – Солун, 1878) кој добил железничко поврзување.

Ден 18 април 2025

00:01:17