домаАВАНТУРИЗАМАВАНТУРИЗАМ - КАВАДАРЦИ

АВАНТУРИЗАМ – КАВАДАРЦИ

Кавадарци е град во југоисточниот дел на Повардарието, во Јужна Македонија и претставува центар на Тиквешијата. Според некои извори, етимолошки, името Кавадарци потекнува од грчкиот збор kavadion што значи „наметка од скапоцена ткаенина“, а кавадарчани биле изработувачи на таа ткаенина. Во 1664 година, Евлија Челебија го посетил Кавадарци (Тиквеш), и оставил запис за кавадаречката чаршија,во која тогаш е организиран градскиот живот. Наведува дека гратчето е центар на каза со 70 живи села и има 300 покриви со куќи од ќерамиди. Има четири маала, три џамии и една убава бања. Има два ана за трговци и чаршија со околу 74 дуќани. Значајни институции-Музеј-галерија основана 1973 година богата со движното и недвижното наследство кое привлекува поширока публика. Во склоп на музејот делуваат археолошко, етнолошко, историско одделение, одделение за заштита на споменици на културата, оддел за историја на уметност и галерија каде годишно се случуваат десетина изложби, спомен соба на Васил Хаџиманов и спомен соба на Никола Бадев. Во 2002 година се отвори локален Вински музеј за регион каде што во неколку поставки е претставена историјата на Тиквешкиот Регион во производството на грозје и вино. Културни манифестации-Тиквешки гроздобер се поклопува со одбележување на денот на ослободувањето на Кавадарци 7 септември. Настанот симболично започнува со откинување на грозд од страна на градоначалникот на Кавадарци. Т’к-Так Фест е рок фестивал кој се организира во чест на прерано починатата македонската рок легенда Трајко Каров. „Дедо цепе борина“ – фестивал на вицовите и шегата кој се одржува за време на бадниковата вечер на градскиот плоштад и на кој се избираат три најдобри шеги.

Ден 18 април 2025

00:01:17