домаАВАНТУРИЗАМАВАНТУРИЗАМ - ГОСТИВАР

АВАНТУРИЗАМ – ГОСТИВАР

Гостивар – град во западна Македонија во јужниот дел на Полошката Котлина. Гостивар е средиште на истоимената општина која зафаќа површина од околу 650 км2. Во Средниот век градот бил многу посетуван од гости од сите краишта, а во летните денови по традиција, секоја година се одржувал голем трговски собир (панаѓур). Ваквата традиција продолжила и за време на Османлиското Царство. Тогаш во градот имало и многу гостилници, па се претпоставува дека „гостољубивиот град“ односно „градот на гости“ станал – Гостивар. Според една друга легенда сегашното име на градот , настанало за време на владетелот Волкашин кој на сите свои деца им изградил „градови“ (тврдини). На Цвета и изградил кале на Сува Гора наречена уште и „Цвета Гора“, каде што имало многу цркви и манастири. Манастирите во „Цвета Гора“ имале свои чифлици во Горни Полог (Гостиварско). Градот Гостивар тогаш бил место на Сувогорските манастири. Манастирските луѓе често ги посетувале чифлиците кај Гостивар, каде што добро биле гоштевани. Легендата вели дека по „гостувањето“ и населбата била наречена Гостивар. Во градот постојат повеќе знаменити објекти како неколку џамии и препознатливата гостиварска саат-кула во центарот. Исто така на самиот плоштад доминира со својата импозантна големина црквата Света Богородица. Најзначајното место за културните збиднувања во Гостивар е Домот на културата АСНОМ.

Ден 18 април 2025

00:01:17