домаАВАНТУРИЗАМАванТуризам - Галичник

АванТуризам – Галичник

ГАЛИЧНИК
Галичник е село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Мала Река. Сместено е на падините на планината Бистра, во центарот на регионот Мијачија. Првата варијанта за потеклото на името „Галичник“ вели дека тоа е изведено од името на реката Галик која тече близу до Солун. Втората варијанта вели дека тоа е наречено Галичник по големиот број на „диви кокошки“ галици, кои живееле на месноста над сегашната црква Св. Петар и Павле. Најстарите сознанија за настанувањето на Галичник датираат од X век и почетокот на XI век. Се смета за едно од најстарите села во мијачкиот предел. Се наоѓа на надморска височина од 1270 до 1500 метри и е опкружен со пасишта. Во минатото, економијата на Галичник се засновала на овчарството, додека многу луѓе биле праќани на печалба – да работат надвор од земјата и да пратат дома пари. Интересно е да се забележи официјалниот број на жители на Галичник, преку зима е еден жител. Галичник живее од мај до октомври кога во него престојуваат над 50 семејства, најмногу пензионери со нивните внуци. Галичник е туристичка знаменитост заради својата архитектура и природни убавини. Хотелот Неда, изграден во 1980 година по заслуга на Велимир Гиновски, нуди можности за добро летување. Познато е по „Галичката свадба“, традиционална и јавна летна свадба, што се одржува секоја година на селската слава – Петровден. Ликовната колонија во Галичник се организира секоја година во месец август. Секоја година на ден-два пред Петровден се одржува т.н. овчарски натпревар во брзо стрижење и молзење, односно „Овчарски средби“. Освен натореварите во стрижење и молзење на овци има и борба на пеливани. Има изложба и дегустација на сирења и нивно оценување. Овие средби се одржуваат на бачилото „Вардар“.

Ден 18 април 2025

00:01:17