Дојран – историски град во југоисточниот дел на Македонија на брегот на Дојранското Езеро, којшто бил разурнат во Првата светска војна. Денес името Дојран го носаат три населби разместени околу Дојранското Езеро. За Дојран постојат многу легенди и преданија. Во местото живеела една многу убава девојка, Дојрана. Еден Османлиски бег се заљубил во неа. Отишол кај нејзините родители и ја побарал за жена. Ама, таа не го сакала па се фрлила во изворчето! Утредента изворчето се проширило, го поплавило целото место. Станало езеро. По името на девојката Дојрана, езерото го добило своето име Дојран. 10 m длабокото езеро се наоѓа на 148 m надморска висина и е најмалечкото езеро во Република Македонија покривајќи површина од 42,7 км2. Дојранското Езеро е формирано во Неогенот и е од тектонско-вулканско потекло. Тоа е познато по специфичниот начин на риболов со помош на птиците кои ги бркаат рибите во јата директно во рибарските мрежи. Денес населбата има туристичко-рекреативна функција со голем број на викендички. Покрај дојранскиот брег постојат 40 хотели и други сместувачки капацитети, неколку модерни казина и над 600 викенд–куќи. Дојран станува вистинско одредиште за деновите како Илинден, 1-ви и 2 мај, Божиќ и слични државни празници. Летниот одмор во Дојран може да ви овозможи и пријатни одморни денови. „Д-фестивал“ е вистинска музичка атракција привлекува голем број туристи. „Саат кулата“, старата Екси-чешма, црквата св.Илија, како и Амам-бањата ќе ви го направат престојот уште поинтересен. Дојрански ракувања, се одржуваат во август во време траење од неколку дена. Карактеристични дојрански јадења од риба се: рибина чорба, чорба од икра, кременадли од крап, лангидида од икра, риба на трска, риба-тава, печен крап, крап во тепсија, ѓувеч од крапи сл.
