Делчево, град во источниот дел на Македонија сместен во областа Пијанец, во близина на границата со Бугарија. Делчево, според едно предание во византиско време се викало Василево, како грчка варијанта на словенското Царево. Како населба Царево Село се споменува во една повелба на Цар Душан од 1347 до 1350 година. Во турско време Делчево се нарекувало и Султанија, по аналогија на изворното име. Локалниот музеј „Пијанец“ го чува во себе историското, археолошкото, етнолошкото наследство а на територијата е откриена масовната палеонтолошка гробница на пикерминска фауна. Археолошкиот дел од Музејот содржи предмети од неолоитот (5.000 год п.н.е), па сѐ до доцниот среден век (14 век од н.е) на територијата на Пијанец. Општината е организатор на, обичајот под маски Сурова на денот Василица, 14 јануари. Кон крајот на месецот февруари до Голак. Меѓународниот ден на шегата, „Велигденска изложба“, годишнина од Разловечкото востание, на 20 мај, Денот на сесловенските просветители, 24 Мај, низа настани од областа на културата, „Голачки фолклорни средби“, Ден на ослободување на Делчево и 8 Септември, Ден на независноста, „Пијанечко-малешевска свадба“, „Пијанечки денови на сливата“, Новогодишната програма.
