Битола град во југозападниот дел на Македонија, заедно со Солун бил најважно место во европскиот дел на Империјата. Градот се наоѓа на римскиот пат Вија Егнација (Via Ignatia). Словенскиот назив за градот, потекнува од зборот Обител (старословенски Обитѣль), како семејство, односно манастир. Грците градот го нарекувале Монастири. Битолската плоча од 1015 е запис на која што градот е спомнат. На десниот кеј на реката Драгор имало 41 црква и исто толку воденици, а на левиот кеј имало 29 цркви со исто толку воденици. По Балканските војни од 1913 градот потпаѓа под српска окупација и го добива старото име Битола. Познат и како град на конзулите поради тоа што во еден период за време на Отоманското Царство имало дури дваесет конзулати од разни европски земји. Моментално градот има тринаесет од кои два генерални и единаесет почесни. Во истиот период, градот имал многу школи, воена академија, којашто ја посетувал и Кемал Ататурк. Градот бил преполн со фабрики и фотографски дуќани, а покрај Сингер во тоа време постоела фабрика за слатки. Во Битола се снимени првите фотографии и филмови на Балканот, благодарејќи на браќата Манаки. Тоа било златното доба на градот. За жал, за време на Балканските војни, многу битки биле водени во околината на градот и самиот град, па многу материјални докази изгореле или биле потполно уништени. Меѓутоа, денес останале многу организации на фестивали. На 5 јануари палење на коледарски оган, Денот на Европа на 9 мај. Светскиот ден на музеите во месец мај. Мал битолски Монмартр меѓународна детска ликовна колонија во организација на Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“. Тра ла ла Интернационален музички фестивал во месец август. ,,СИ ДО “ интернационалниот детски музички фестивал. „Солстис“стара франкофонска традиција типична за франкофонските медитерански земји. „Бит Фест“ музичко-сценска манифестација во чија програма се застапени:театар, балет, опера, класична музика, ликовни изложби, разни перформанси, фолклор, рок, поп, етно и џез концерти, литература, филм, разни работилници и др. Локум фест се одржува во срцето на старата битолска чаршија. „Илинденски денови“ од 29 јули до 1 август со народните песни и игри, од Македонија и светот. Традиционална средба на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија на 2-ри август. „Битола отворен град“ трае четири дена кон крајот на месец Јуни, улични концерти, работилници, изложби, перформанси, видео проекции, јавни дискусии и голем музички хепенинг. „Битола отворен град“ промоција на граѓанскиот активизам, демократските вредности и интеркултурната соработка. 8 ми септември Денот на независноста. Фестивал на Филмска Камера „Браќа Манаки“е, најстар во светот од ваков жарн, кој ја вреднува естетиката на филмската камера во обликувањето на кинематографското дело. „Интерфест“ е основан во 1992 од битолската пијанистка Милица и Кирил Рибарски. „АTTUTIDE“ обединува уметници од целиот свет со акцент на современата уметност како што се видео-арт изведувачите. 4 ти Ноември Ден на ослободувањето на Битола. Св. Нектариј Битолски Чествување на патронот на Општина Битола на 18ти декември. Организиран дочек на Нова Година. Фестивал на монодрама. Интернационален музички фестивал репрезент на актуелностите во музиката од светот.
