За време на третиот сет од финалето на Вимблдон помеѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз, српскиот тенисер влезе во расправија со судијата Марфи Фергусон.
Имено, на српскиот ас му пречеше тоа што Марфи прерано го активира тајмингот на сервис и што поради тоа немал време да посегне по крпата и да ја избрише потта.
„Немам време ни да стигнам до крпата“, рече Ѓоковиќ.
Судијата објасни дека тоа е пракса на секој меч, па Ѓоковиќ не го доби посакуваниот исход.
Покрај расправијата со главниот судија, Ѓоковиќ одново гестикулираше кон публиката на централниот терен на „Олд Ингланд Клаб“, која очекувано е на страната на шпанскиот ас.
