домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?Дали знаете? - Моноспитовското Блато и фурна за печење леб, Говрлево

Дали знаете? – Моноспитовското Блато и фурна за печење леб, Говрлево

– Моноспитовското Блато е едно од ретките во Европа по својата уникатност. Своевремено се протегаше на околу 5 илјади хектари, а сега познатиот ѓол едвај се простира на 400 хектари. Опколен со повеќе видови дрвја, папрати, барска трска, безброј птици, потсетува на мала џунгла во која се уште се кријат уникатни растенија и животни кои ги нема на други простори, не само во земјава туку и на Балканот. Досега се откриени 25 видови алги, од рибниот фонд овде може да се сретнат крапови, линеши, амури, црвеноперки и штуката која ја нарекуваат уште и слатка ајкула. Забележани се 10 видови жаби, од кои една е ендемит – луковата жаба. Повеќе до 250 видови птици или живеат таму или Блатото лете им е попатна станица. Ова преставува една половина од евидентираните во Европа.

Печка за печење на леб во Говрлево е специфичен масивен објект од глина органски поврзан со подот, има облик на клупа за седење, култно-утилитарен објект, поврзан со технологијата на приготвување на лебот, од мелење на зрното преку месењето на квасецот до печењето, која изгледа уште во неолитот, како впрочем и до скоро во фолклорот, подеднакво носела и утилитарен и обредно магиски карактер.

Ден 18 април 2025

00:01:17