домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?Дали знаете? - Загинати странци во земјотресот и Лидија Македонката

Дали знаете? – Загинати странци во земјотресот и Лидија Македонката

– Еден американски новинар побарал да отседне во хотелот Македонија вечерта, во очи земјотресот. Бидејќи немало слободни места, му го препорачале хотелот Турист. Така останал жив, бидејќи хотелот Македонија се разурна речиси до темел. Група странски танчари и танчарки кои допатувале дента пред земјотресот и се сместиле во хотелот Македонија, ги загубиле животите, ја поделиле трагичната судбина со многуте жители од овој град. 

Во книгата „Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука”, што е дел од Светото писмо, се истакнува дека кога светиот апостол Павле се наоѓал во Тријада, една ноќ имал видение: „…стоеше пред него еден човек Македонец, кој го молеше и му велеше: ‘Премини во Македонија и помогни ни!’ По тоа видение, веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи разбравме дека Господ н` повикал таму да го проповедаме Евангелието (Дела 16-9,10). Kако што стои во ова сведоштво, една богобојазлива жена од градот Тијатир, по име Лидија, прва се покрстила заедно со своите домашни, а потоа ги поканила апостолот и неговите соработници во нејзиниот дом. „Ако сте ме признале за верна на Господа, тогаш влезете и живејте во мојата куќа!”, им рекла таа. Потоа и многу други жители на овој град биле покрстени со што се родила првата христијанска општина во Европа.

Ден 18 април 2025

00:01:17