домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?Дали знаете? - Црква Свети Никола, бронзен приврзок и полжавите од Охридското...

Дали знаете? – Црква Свети Никола, бронзен приврзок и полжавите од Охридското Езеро

  • Црквата „Св. Никола“ е потопена во 1957 година кога е граден хидросистемот Маврово, а оттогаш, за неа никој не се грижи и е оставена на забот на времето. Изградена е во 1857 година во тогашното Мавровско Поле, од мермер и гранит, со мермерен олтар и вреден иконостас и икони од Дичо Зограф.Преданијата говорат дека на тајфите што ја граделе оваа црква им се плаќало со златници. Не штеделе мавровци, кои во тоа време биле печалбари, за да го изградат светиот храм, кој сега повеќе од половина век е сред езеро.МОЖЕ
  • Бронзен приврзок во форма на стилизиран музички инструмент – лира, изработен во бронза, во техника на “истечен восок” (cire perdue). Датација VIII- VII век пред Христа. Пронајден е на некрополата од железно време Милци кај Гевгелија. Предмет кој е единствен од овој тип, кој како форма досега не е познат помеѓу култните бронзи од железнодопските некрополи во Долно Повардарје и централниот Балкан.МОЖЕ
  • Охридското Езеро е една голема природна лабораторија за создавање нови видови по пат на нивна сопствена еволуција. Тоа е музеј на живи фосили и од него може да се учи за еволуцијата. Има 76 видови полжави, од кои 76% се реликти и ендеми. Ваков голем процент се среќава само во Бајкалското Езеро и во Тангањика. Во 1975 полжавите биле на насловната страница на угледното американско списание “Malacological Review”.

Ден 18 април 2025

00:01:17