домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?Дали знаете? - Ендемична флора и фауна во Македонија, Маркови кули во...

Дали знаете? – Ендемична флора и фауна во Македонија, Маркови кули во Прилеп

Богатството и хетерогеноста на екосистемите, типовите природни живеалишта и дивите видови, како и генетските ресурси, се основни обележја на биолошката разновидност во Македонија. Според расположливите сознанија, тоа богатство вклучува импозантна бројка од 17.604 видови од кои 976 се ендемични видови. Така, во Светската црвена листа на IUCN вклучени се 72 видови виши растенија од кои 19 видови се локални ендемити. Во прилозите на Бернската конвенција се вклучени 12 видови виши растенија. Во Европската црвена листа на ’рбетни животни вклучени се 113 видови од кои: 30 видови риби, 66 видови птици, 16 видови цицачи и 1 вид влечуги. Од вкупно 20 ендемични видови риби од Република Македонија, 17 видови се вклучени во категоријата на глобално загрозени видови. Вкупниот број на идентификувани Емералд видови (во согласност со Резолуција бр.6 од Бернската конвенција) изнесува 165 вида.

Грамадите наречени Маркови Кули Прилеп ги сочинуваат многубројни, разновидни мали денудациони форми кои преставуваат извонредна фина скулптура на релјефот. Интрудирале пред околу 300 милиона години во постарите гнајсеви, чија старост е проценета на околу 720 милиона години. Подоцна на овој дел од теренот создадени се некои од овие комплексни геоморфолошки облици кои имаат џиновски размери со тежина до неколку стотини тони.

Ден 18 април 2025

00:01:17