домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?Дали знаете? - Автомобили од ФАС „11 Октомври“ и Кај Бродчинана

Дали знаете? – Автомобили од ФАС „11 Октомври“ и Кај Бродчинана

  • ФАС 11 ОКТОМВРИ Скопје, во 1959 година решава да произведе свој автомобил, направен врз база на тогашниот модел ФИАТ 1400. Но, тој прв автомобил марка ФАС ВАРДАР 1400 неславно ја завршува својата незапочната кариера и прототипот завршува во отпад. Втора шанса ФАС има 10 години подоцна во 1969 година кога исто е изработен прототип на автомобил врз основа на ФИАТ 850 со дизајн инспириран од Пининфарина. Овој прототип е прикажан на саемот за прототипови во Белград, но при враќање од саемот камионот кој го носи настрадал во сообраќајка заедно со прототипот ! Трета шанса да имаме автомобилска индустрија е 1968 година каде Цитроен доага во Македонија за отворање на погон за кооперација. Во почетокот би биле делови за тогашните модели, а понатаму и целосно производство/Фабриката Металски Завод Тито била избрана како најповолна, а ФАС како погон каде би се склопувале првите модели на Цитроен. Но, и од таа идеја не излегува ништо ! Последната шанса беше за производство на Ауди А3 дамнешната 1995 година, но и од тоа не испадна ништо, за жал. Оттогаш во Македонија се склопуваат само автоделови и ништо повеќе…
  • Нуркачкиот локалитет кај Бродчинана има бродови произведени од Италијанска фирма во 1887 година, а намерно се потопени најверојатно за време на првата светска војна. Се работи за повеќе бродчиња од кои два се главни брода кои влечеле неколку други бродови како вагони кои служеле за транспорт низ езерото. Потонатите бродови за првпат се откриени во 80-тите години од страна на нуркачите од Струга. Оваа нуркачка локација е наменета за сертифицирани нуркачи со искуство. Се наогаат на длабочина од 7 метри и од брегот се оддалечени повеќе од 800 метри.

Ден 18 април 2025

00:01:17