Дали знаете? – ВИА ИГНАЦИЈА и Свети Прохор Пчински
- Римјаните биле со најдолга традиција во градењето патишта. Најславниот пат Виа Егнација врви и низ Македонија. Тој е најдолг пат граден без престан цели 44 години, изграден околу 146 г. пр. н.е. Името го носи по Гнеј Егнациј, проконзул на Македонија што ја изградил. Направена е за да се поврзат јадранските колонии со Византиум. Патот започнува од изворот на Шелгут, каде има остатоци од подградниот ѕид во должина од 30 метри, а со височина од над два метра. Правецот продолжува од Радожда каде што е зачуван во должина од 100 метри, па во правец Калишта, Струга, Подмоље, следејќи ја линијата на езерскиот брег. Понатаму кон „Свети Еразмо“ и продолжува кон градскиот дел од денешен Охрид, продолжува кон Ресен преку Буковскиот мост, Прентовиот мост, Бистренскиот мост, ја преминува Лажачка Река преку Коњскиот мост. Во атарот на селото Доленци се среќаваат остатоци од римски мост и дел од трасата. Продолжува кон Хераклеја Линкестис и оди во правец кон соседна Грција.
- Според житието Свети Прохор Пчињски потекнувал од некое село од Овчеполието. Родителите, татко му Јован и мајка му Ана биле чесни и побожни луѓе што долго немале деца. И по многу години Бог ги дарувал со машка рожба на која и ставиле име Прохор. Прохор сакал да му се посвети на Бога. По излегувањето од црквата Прохор се упатил кон планината и започнал испоснички живот. Најпрвин живеел во пештера во близината на селото Старо Нагоричане, Кумановско. Се хранел со зелје и корења од трева, живеел во пост и молитви, зиме на мраз, лете во пот. На тоа место без да види човек, а дружејќи се само со дивите ѕверови минал 32 години. Во пештерата во која живеел Свети Прохор Пчински сеуште има камен од неговото време