домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?Дали знаете? - Апостол Павле и Плаштаницата од Света Софија

Дали знаете? – Апостол Павле и Плаштаницата од Света Софија

  • Во личноста на светиот апостол Павле го препознаваме првиот христијански проповедник на македонските простори (земја, тло). Со своето доаѓање во Македонија, тој го подготви патот за покрстување на европскиот континент, па со право можеме да кажеме дека христијанството во Европа дојде преку Македонија. Тој поминал четири т.н. мисионерски патувања. При второто мисионерско патување ја посетил и Македонија. Имено, во Светото Писмо се вели дека додека бил во Троада, преку ноќта имал видение: … стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше : Дојди во Македонија и помогни ни. Тука апостолот Павле го здобил и првиот христијанин во Европа – богојазливата жена Лидија, која се крстила со целото свое семејство, а подоцна нејзиниот дом станал првата црква во Европа. Формирање на црквите значело не само посејување на христијанството во Македонија, туку и негово утврдување и организирање, што потоа ќе биде значаен предуслов за континуитетот на христијанството на овие простори, кој ќе резултира со создавање на црквата Јустинијана Прима и Охридската архиепископија
  • Плаштаницата од охридската „Света Софија“ /денес во Софија/ која му била подарена на охридскиот архиепископ од императорот Андроник Втори Палеолг во 1298 година, изработена од двослојно платно, извезенa со златни и сребрени конци, веќе е феномен бидејќи нејзиното платно не се распаднало цели осум века. Текстилот обично целосно се распаѓа по 150 години, но ова реликвија од почетокот на 13 век остана речиси цела.

Ден 18 април 2025

00:01:17